fbpx

Промена на режимот на сообраќај на два патни правци

-

Режимот на сообраќај на автопатската делница Смоквица-Гевгелија, пред влезот на Гевгелија, ќе биде променет од денеска до 26 април.

Во наредните четири дена на патот Смоквица-Гевгелија, пред влезот на Гевгелија во близина на бензинската станица ќе се изведуваат градежни активности  при поставување индуктивни јамки, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Поради изведување градежни работи  режимот на сообраќај ќе биде изменет и на регионалниот патен правец Маврово-Дебар кај село Јанче, каде сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента. На тоа место сообраќајот ќе биде регулиран од вработените  и ќе биде поставена содветна сигнализација за работа на пат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...