fbpx

Љупчо Шврговски ќе го брани Бобан С. за кражбата на 3 милиони евра од НЛБ

-

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Шврговски му е адвокат на 40-годишниот Бобан С., осомничен за кражбата на 3 милиони евра од трезорот на НЛБ во Скопје.

Информацијата за „Мета“ ја потврди самиот Шврговски.

– Да, јас сум му адвокат – ни рече Шврговски, но не сакаше да коментира ништо во врска со случајот.

Бобан С., осомничениот за најголемата кражба во историјата на независна Македонија, трезорот на банката го испразнил од 6 до 10 април, соопшти МВР. Против него е поднесена кривична пријава за затајување и во моментов е на издржување на 30-те дена притвор што му ги одреди судот.

Овој случај од почетокот го следат низа контроверзии, а најголема мистерија е што се случило со украдените пари, кои и по речиси 10 дена сè уште не се пронајдени.

Шврговски за државен јавен обвинител беше избран во 2007 година и оваа функција ја извршуваше до 2013 година, кога на негово место беше именуван актуелниот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...