fbpx

Сите контроверзии и отворени прашања по грабежот на векот во НЛБ во Скопје

-

По најголемиот грабеж во историјата на независна Македонија, на повеќе од 3 милиони евра од трезорот на НЛБ во Скопје, соопштенијата за медиумите испратени од МВР и од Основното јавно обвинителство – Скопје (ОЈО Скопје) вчера малку помогнаа, но повеќе им одмогнаа на новинарите во обидот да ја информираат јавноста за деталите на овој, по многу нешта специфичен грабеж: Трезорист на банката пет дена по ред изнесувал пари во украсна кеса (што е единствениот „сочен“ детаљ што го откри МВР) и никој не го забележал?

И по три дена, мистеријата останува, парите, според досегашните информации, ги нема, сторителот е во притвор, а секој ден се зголемува бројот на отворените прашања.

  • Каде се парите?;
  • Дали трезористот дејствувал сам?;
  • Како е можно цели пет дена никој да не забележи дека лицето изнесува врзопи пари од трезорот?;
  • Дали во банката (во трезорот) имало безбедносни камери кои нонстоп снимале и дали имало лице кое следи што тие прикажуваат?;
  • Од каде е разликата во сумите што се наведени во соопштенија на МВР (2,4 милиони швајцарски франци и 645.000 евра) и на Јавното обвинителство (2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра)?

Но, од МВР и од ОЈО – Скопје не добивме јасни одговори. Во МВР велат дека засега не може да се каже нешто повеќе од тоа што е вчера испратено до медиумите, оти сега работата е во рацете на јавниот обвинител.

Од ОЈО Скопје, пак, за разликата во сумите споменати во двете соопштенија, за „Мета“ велат дека нивното соопштение, сепак, не е исцрпно, објавени се одредени детали, но целосната фактографија ќе се види дури во обвинителниот акт.

На прашањето дали осомничениот трезорист Б.С. кажал каде се украдените пари, ни рекоа дека во интерес на истражната постапка, многу детали нема да бидат соопштени на јавноста сè до вистинскиот момент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...