Турски полициски хеликоптер се урнал синоќа во источната провинција Тунчели, јави турскиот весник „Хуријет дејли њуз“.

Засега не е позната причината за падот на хеликоптерот, иако се претпоставува дека е последица на лошите временски услови. Како што јавуваат турските медиуми, хеликоптерот исчезнал од радарите еден час пред да падне.

Хеликоптерот превезувал седум полициски претставници, двајца судии и тројца членови на екипажот, објавија турските безбедносни служби.

На терен веднаш излегле спасувачки екипи, но според турските медиуми, остатоците од хеликоптерот сè уште не се најдени. Се стравува дека сите патници загинале.