fbpx

Хан: ДИК има доволно време да го подготви избирачкиот список

-

Несомнено треба да има избори во Македонија, а Државната изборна комисија треба да го подготви избирачкиот список, за што сега би требало да има доволно време, изјави денеска еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан во Драч, Албанија каде учествува на министерската конференција на Западен Балкан.

Еврокомесарот вели дека ако проблемите околу избирачкиот список претходно биле причина за меѓународен притисок за одлагање на датумот на изборите, сега, според него, нема индикации дека подготовката на списокот не може да се направи на време.

– Несомнено треба да има избори. Релевантните и одговорните власти, а особено Државната изборна комисија прават сè што е во нивна моќ да го подготват избирачкиот список што не е оспорено од никого. Немам индикации дека тоа не е возможно. Тоа беше причината поради која имаше меѓународен притисок да се одложат изборите, но сега би требало да има доволно време да се направи се што е неопходно. Го имаме договорот од јуни/јули, а конечната цел од тој договор се фер, транспарентни и меѓународно признати избори кои ќе бидат основа за натаможен развој на земјата особено кога станува збор за евро-атлантските интеграции – вели Хан.

Изборите на 5 јуни биле тема на разговорот меѓу Хан и министерот за надворешни работи, Никола Попоски на маргините на конференцијата, на кој било заклучено дека тие се најдобар пат за Македонија да ја врати агендата и почне со преговори за членство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...