вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: еврокомесар | 24 резултати

Заев, Димитров и Спасовски со Аврамопулос: Не се откажуваме од реформите

19 ноември 2019

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Никола Димитров, на европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, на вчерашните средби му порачале дека владата не се откажува од реформите на земјата и покрај тоа што во октомври не додели датум за почеток на евроинтеграциските преговори, соопштија Владата и […]

Ќе се бара друга замена за еврокомесарот Хан, Унгарецот Трочани отпадна од игра

26 септември 2019

Комитетот за правни прашања на Европскиот парламент го отфрли предлогот на Унгарија за Ласло Трочани да биде нов комесар за проширување и соседска политика, пренесува „ЕУобсервер“. „Политико“ јавува дека отфрлањето на предлогот за именување на новиот еврокомесар е поради можноста за постоење на конфликт на интереси. Покрај Трочани, со идентично објаснување е отфрлен и предлогот […]

Хан: Да не се ризикува иднината на Македонија поради дневно-политички причини

30 јули 2018

Ги повикувам сите политички лидери да постапуваат конструктивно за да се постигне целта и да не се загрози напредокот поради дневно-политички причини, им порача еврокомесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан на македонските политичари во интервју за „Еурактив“. Тој вели дека дефинитивно Македонија постигнала најголема напредок во изминатава година, со тоа што ја надминала […]

Атина му се налути на Хан оти за „Шпигел“ рекол Македонија, а не ФИРОМ

5 февруари 2018

Грчкото министерство за надворешни работи вчера се огласи со остра реакција на еврокомесарот Јоханес Хан поради неговите бројни изјави во кои кажува „Македонија“ наместо ФИРОМ. Во обемно интервју за германскиот магазин „Шпигел“, Хан постојано го употребува името Македонија кога зборува за преговорите за пристапување на земјава во ЕУ. Атина го повика Хан да „го почитува […]

Димитров и Хан во Брисел разговарале за реформите

26 септември 2017

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел имал работна средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на која го информирал еврокомесарот за досегашното спроведување на реформите во согласност со планот „3-6-9“, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Димитров ја повторил заложбата на Владата за целосна вклученост во спроведувањето на […]

Хан на средба со Димитров во Талин дал поддршка за владините реформи

8 септември 2017

На маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидати за членство во ЕУ во Талин, денеска шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, имал средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, соопшти македонското министерство за надворешни работи. „На средбата шефот на македонската дипломатија го запозна еврокомесарот […]

Заев: Со Хан в понеделник ќе ги договараме првите реформски приоритети

7 јуни 2017

Премиерот Зоран Заев вчера, при посетата на Порој, одговарајќи на новинарско прашање, потврди дека в понеделник ќе ја оствари првата официјална посета на Брисел и првата средба со еврокомесарот Јоханес Хан, на која ќе се договараат првите реформски приоритети што треба да ги реализира новата влада. На првата официјална посета, премиерот ќе биде придружуван од […]

Бугарката Марија Габриел ќе биде еврокомесар за дигитална економија

16 мај 2017

Марија Габриел, која беше номинирана од Бугарија за нов еврокомесар, ќе го води ресорот дигитална економија и дигитално општество, соопшти претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, по средбата со бугарската кандидатка за нов член на „владата“ на ЕУ. Бугарија нема свој претставник во ЕК од почетокот на годинава, откако Кристалина Георгиева поднесе оставка на функциите […]

Европратеничката Марија Габриел номинирана од Бугарија за еврокомесар

10 мај 2017

Марија Габриел, пратеничка на Европската народна партија (ЕПП), е номинирана за еврокомесар од Бугарија, соопшти шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, по седницата на владата на Бугарија. Габриел, која е пратеничка во Европскиот парламент од 2007 година, сега треба да биде одобрена од нејзините досегашни колеги. Најверојатно ресорот на 37-годишната Габриел во Европската комисија (ЕК), […]

Димовски до Хан: Вторпат го кршите ветувањето дека нема да се мешате

27 февруари 2017

Пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денеска реагираше на изјавата на Јоханес Хан, од саботата, со забелешка до еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика дека „пред само десет дена во Скопје јавно кажал дека нема да се меша, а сега објавува на „Твитер“ дека претседателот Иванов треба да го даде […]

Хан за „Цајт“: Во Македонија треба да се постигне промена во еден еволуциски процес

11 февруари 2017

Ако не извезуваме стабилност, ќе увезуваме нестабилност – тоа важи како за Балканот, така и за преостанатото соседство на ЕУ, оценува еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во интервју за електронското издание на германскиот весник „Цајт“, а во кое зборува и за Македонија, пренесува „Дојче веле“. „Во наш интерес е во ПЈР Македонија […]

Кристалина Георгиева: Не ја напуштам Европската комисија поради кампањата во ОН

30 октомври 2016

Поранешната еврокомесарка Кристалина Георгиева во интервју за бугарското национално радио вели дека напуштањето на Комисијата не е поради кампањата за генерален секретар на Обединети нации. Како што вели, таа ја одобрила промената на кандидатите за генерален секретар на ОН. – Моето учество во кампањата за Обединети нации беше поради тоа што одредени држави од Источна […]

Хан не нè спомна, побара Западен Балкан прво економски да се обедини, па да влезе во ЕУ

4 јули 2016

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во своето обраќање на бизнис-форумот во рамките на Самитот за Западен Балкан во Париз, со ниту еден збор не ја спомна Македонија, за разлика од Црна Гора, Албанија, Србија и од Косово. Еврокомесарот смета дека иако во моментов ЕУ е во тешка фаза, потенцијалот за членство […]

Аврамопулос: ЕК е подготвена за санкции кон земјите што одбиваат да прифатат бегалци

23 јуни 2016

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, денеска изјавил дека Европската комисија е подготвена да воведе санкции за земјите членки на Европска Унија кои одбиваат да прифатат бегалци, во согласност со договорениот план за прераспределба, јавуваат светските агенции. Аврамопулос, на бизнис-конференција во Атина, ги критикувал „популистичките и националистичките лидери“ на европските земји, кои изјавуваат дека нема да […]

Хан: ДИК има доволно време да го подготви избирачкиот список

31 март 2016

Несомнено треба да има избори во Македонија, а Државната изборна комисија треба да го подготви избирачкиот список, за што сега би требало да има доволно време, изјави денеска еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан во Драч, Албанија каде учествува на министерската конференција на Западен Балкан. Еврокомесарот вели дека ако проблемите околу избирачкиот список […]

Политичка криза: Сè е исто, само датумот на избори е нов

25 февруари 2016

Два дена откако Собранието го изгласа новиот датум за распуштање (7 април 2016 година), сè уште е нејасно што точно и дали сè е договорено. Што е со медиумите, дали се тие услов за 5 јуни или не? Дали има други услови за кои треба да се преговара? Продолжуваат ли дневните и ноќните средби во […]

СДСМ: На Хан мора да му биде јасно дека нема избори без еднакви можности за партиите

26 јануари 2016

На еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, мора да му биде јасно дека нема квалитетни избори без еднакви можности за сите политички субјекти рамноправно да учествуваат во изборниот процес и граѓаните слободно да можат да го дадат својот глас, реагираат од СДСМ на изјавата на еврокомесарот за бугарски „Капитал“, во која тој вели […]

Хан: Итно е потребно лидерство и компромис од сите страни

8 јули 2015

„Последниот развој на настаните го потврдува тоа за што досега нотирав, дека сме во една многу критична фаза од преговорите, затоа итно е потребно лидерство и вистински дух за компромис од сите страни“, рекол еврокомесарот Јоханес Хан во писмена изјава за „Радио Слободна Европа“, а во врска со последните случувања околу политичката криза во земјата. […]

Ховит и Вајгел во Македонија

4 декември 2014

Досегашниот известувач за Македонија во европскиот парламент, Ричард Ховит, и неговиот наследник на оваа позиција, Иво Вајгел, денеска во Скопје ќе одржат прес-конференција, а, како што беше најавено, Ховит треба да одржи и предавање. Тој вчера имаше средба со премиерот Никола Груевски, на која позитивно била оценета досегашната соработка во напредокот на Македонија кон ЕУ, […]

Ферхојген: ЕУ мора да направи нешто против заморот од проширување

13 ноември 2014

Поранешниот европски комесар за проширување, Гинтер Ферхојген, денеска во Братислава порача дека Европска Унија мора да направи нешто против заморот од проширување и јасно да каже дека тој процес не беше оптоварување за старите земји-членки, туку дека од него корист имаа сите, пренесуваат медиумите. – Треба да им се порача на европските земји кои сè уште […]

Страна 1 од 1