Поранешната еврокомесарка Кристалина Георгиева во интервју за бугарското национално радио вели дека напуштањето на Комисијата не е поради кампањата за генерален секретар на Обединети нации. Како што вели, таа ја одобрила промената на кандидатите за генерален секретар на ОН.
– Моето учество во кампањата за Обединети нации беше поради тоа што одредени држави од Источна Европа му предложија на нашиот премиер да направиме последен обид Источна Европа да ја добие оваа позиција – рече Георгиева.
Таа позитивно го оцени потегот на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, и рече дека е многу благодарна на Бугарија што ѝ дала шанса седум години да биде еврокомесар. Георгиева му заблагодари и на претседателот на Комисијата, Жан-Клод Јункер, за прекрасната соработка.
– Работев со прекрасни луѓе и имав добри колеги на кои сум многу горда. Работата што ми е понудена во Светска банка е шанса која се добива еднаш во животот. Навистина ми е жал што морам да си заминам, но оваа одлука е добра за мене, за Европа и за Бугарија – рече Георгиева.