!На 1 февруари 2017 година, завршува промотивниот период на слободно користење, без регистрација и без претплата, на содржините на „Мета“, кое беше воведено за да им овозможиме полесен пристап на корисниците до навремени и проверени вести. За начинот на пристап и за претплата, од 1 февруари 2017 година ќе информираме дополнително. При пренесувањето и преземањето на содржините од „Мета“, задолжително е атрибуирање и линкување.

Европската комисија одобри 90 милиони евра како поддршка за влез на Албанија во ЕУ


       
Тирана, 23 декември, 2016 - 19:54 (META) 

Европската комисија одобри околу 90 милиони евра како поддршка на Албанија за нејзиниот пат кон членство во Европска Унија, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана.

Програмата наменета за Албанија ја следи политиката на проширување со фокусирање на областите како владеење на правото, економски развој и конкурентност.

Исто така, се поддржува и имплементацијата на албанската стратегија за борба против корупцијата и реформите во судството.

Други области што ќе бидат поддржани преку оваа програма се транспорт, животна средина, граѓанско општество и учеството на Албанија во програмите и во агенциите на ЕУ, како што се „Еразмус  плус“, „Хоризонт 2020“ и „Креативна Европа“.