fbpx
Македонија Страница 1727

Македонија

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Понеделник, 12 октомври, е неработен ден, поради тоа што Денот на народното востание, 11 Октомври, се паѓа в недела, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на сите граѓани на Република Македонија им го честитаат Денот на народното востание.

Иванов во Софија ќе се сретне со претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина

Денеска, во Софија, на маргините на шестиот состанок на високо ниво, во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се сретне со претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ. Се очекува шефот на државата и Иваниќ да разменат...

Денеска нов обид за усогласување на ставовите за изборното законодавство

По еден ден пауза, денеска, во Клубот на пратеници, се очекува да продолжат разговорите за изборното законодавство и за избирачкиот список. Како што најавија вчера членови на опозицијата, денеска се очекува странците да достават готова верзија на изборниот законик, а партиите да се изјаснат. Иако од...

Времето денеска облачно и врнежливо

Времето денеска ќе биде облачно, со повремени локални врнежи од дожд и со слаб ветер од променлив правец. Ваквото време ќе се задржи и во текот на продолжениот викенд, кога на места врнежите ќе бидат пообилни. Температурата денеска ќе се движи од 16 до 21 Целзиусов степен. Во...

Германска амбасада: Пробивањето на роковите е неприфатливо

Aмбасадата на Германија во Република Македонија им порача на политичките партии дека е неприфатливо да се пробиваат роковите предвидени со Договорот од Пржино. „Германската амбасада е многу разочарана и мошне загрижена во врска со пробивањето на роковите, договорени меѓу четирите политички партии, за постигнување договор за...

Градскиот стадион во Тетово со обновен фудбалски терен

Првата фаза од реконструкцијата на градскиот стадион во Тетово, која опфаќа нова трева и дренажен ситем, е при крај. Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, која денеска беше на самото место да направи увид на реконструкцијата на стадионот, изјави дека првите фудбалски натпревари на новиот терен...

Ако нема заеднички закон, Талат Џафери повторно ќе го поднесе истиот

Aко до 20 октомври не се донесе заеднички закон за „бомбите“, Талат Џафери повторно ќе го поднесе својот закон во собраниска процедура, а целосна поддршка ќе има од коордираторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, информираше денеска пратеникот Илија Димовски. Претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, негираат дека...

ЕУ и САД бараат денеска да се договори изборниот закон

Мисијата на Европската унија во Македонија и Амбасадата на САД денеска излегоа со заедничка реакција во врска со пробивањето на рокот за договарање на законот за избори. И двете мисии го повторија ставот на Европската комисија, дека политичките партии уште денеска ќе мора да го...

СДСМ: Странците ќе понудат нов изборен закон, без дијаспората барем на овие избори

Повеќето прашања, за кои вчера се разговарало на работните групи се затворени, но како што информираат од СДСМ, проблем било гласањето на дијаспората и одлучувањето во ДИК. Можно е на овие избори гласањето на дијаспората да биде суспендирано, на барање на меѓународната заедница. Денеска не...

Дванаесетмина уапсени во полициската акција, Обвинителството почнало истрага

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција почнало истрага против 12 осомничени, приведени во полициската акција што ноќва и утринава беше спроведена во повеќе градови во земјава, соопшти Јавното обвинителство. Еден од осомничените во акцијата е судија на висока позиција во Основниот суд Куманово, кој...

Јанева утре ќе ги достави документите што ѝ ги побара Советот на обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, најдоцна утре ќе ги достави сите документи, односно работен, персонален и финансиски план, што ѝ ги побара Советот на јавни обвинители за да донесе одлучка по предлогот на Јанева за нејзиниот тим од 14 помошници, соопштија денеска од канцеларијата на...

СДСМ: Во Општина Охрид се вдомуваат функционери вмешани во корупциски афери

Пред три дена, наводно на некаков проект, во Општина Охрид работно се ангажирани двајца поранешни владини функционери од ВМРО-ДПМНЕ, поврзани со афери за големи финансиски проневери со парите од европските фондови, обвини денеска општинската организација на СДСМ во Охрид. Партијате го наведува името на Бошко...

Се комплетираат скулптурите на фасадата на Владата

Утрово интензивно се работи на фасадата на главната зграда на Владата. Во горниот дел се поставија шест скулптури на луѓе и една скулптура на лав. Реконструкцијата на надворешниот изглед на фасадата почна во април 2013 година и е во рамките на проектот „Скопје 2014“. Градежните работи...

ЕК одобри 17 милиони евра помош за Македонија и за Србија за справување со бегалците

ЕК денеска одобри 17 милиони евра за Србија и за Македонија за справување со напливот бегалци, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас. Помошта е дел од планот на ЕУ за справување со сириската криза и за помагање на земјите што се надвор од ЕУ, а...

МВР вчера издало потврди на вкупно 2.032 мигранти

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера им издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.032 мигранти, информираат од МВР. Најголем дел од мигрантите, кои добиле документ за 72-часовен легален престој на територијата на Македонија, се сириски државјани, вкупно 1.102, потоа од Авганистан...

Коцијанчич: Денеска да се договори законот за избори

Европската комисија денеска ги повика потписниците на Договорот од Пржино веднаш да се договорат за изборните реформи. - Европската комисија жали што партиите не успеале да ги финализираат изборните реформи, и покрај направениот прогрес на состанокот на работните групи. Ги повикуваме лидерите на четирите политички партии...

Во тек голема полициска акција во Скопје и Куманово

Министерството за внатрешни работи (МВР) од утрово спроведува голема полициска акција на територијата на Скопје и на Куманово. Информацијата за „Мета“ ја потврди помошникот министер за внатрешни работи, Иво Котевски, кој вели дека акцијата е во тек. Котевски најави повеќе информации за акцијата во текот на...

Владата се координираше со ЕУ околу плановите за справување со мигрантите

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, вчера одржал координативен состанок со претставниците на Европската унија (ЕУ), други земји и на организации-донатори, на кој тема биле плановите и начините за справување со мигрантската криза, соопштија денеска од кабинетот на министерот Бесими. На состанокот,...

Преговорите во ќор-сокак, Орав разочаран, ЕУ ќе достави свој предлог-закон

Во четири часот утрово завршија преговорите на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, но и овојпат без успех.  И покрај оптимизмот на белгискиот олеснувал Питер ван Хојте, се дознава дека во напната атмосфера продолжиле и синоќешните разговори. Од преговарачките тимови информираат дека претставниците од ВМРО-ДПМНЕ...

Неколку комисиски седници денеска во Собрание

Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани седници на комисиите за здравство, за земјоделство, за економски прашања и на Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за здравство се предлог-измените на законите за здравственото осигурување, за биомедицинско потпомогнато оплодување, за доброволно здравствено осигурување...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...