МВР вчера издало потврди на вкупно 2.032 мигранти

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера им издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.032 мигранти, информираат од МВР.

Најголем дел од мигрантите, кои добиле документ за 72-часовен легален престој на територијата на Македонија, се сириски државјани, вкупно 1.102, потоа од Авганистан (675) и од Ирак (148).

Од почетокот на издавањето на потврдите (19 јуни) заклучно со денеска, потврди за искажана намера за барање азил им се издадени на 124.984 странски државајни, од кои 82.412 се Сиријци.

Во изминатите 24 часа, според МВР, не се поднесени барања за признавање на правото на азил. Од јуни досега, да останат во земјава побарале 50 странски државјани.