fbpx

Германска амбасада: Пробивањето на роковите е неприфатливо

-

Aмбасадата на Германија во Република Македонија им порача на политичките партии дека е неприфатливо да се пробиваат роковите предвидени со Договорот од Пржино.

„Германската амбасада е многу разочарана и мошне загрижена во врска со пробивањето на роковите, договорени меѓу четирите политички партии, за постигнување договор за амандманите на Изборниот законик и затоа што досега не е постигнат никаков договор. Изгубени се два дена од рокот до 6 октомври. Понатамошното одлагање во работата на работните групи е неприфатливо“, стои во соопштението.

Амбасадата ги повика потписниците на Договорот што е можно побргу да постигнат консензус.

„Амбасада апелира до сите политички партии да постигнат договор што е можно побргу, бидејќи им претстојат други сериозни прашања на политичките партии за решавање, во согласност со договорените рокови до 20 октомври“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...