fbpx

Верижен судир на 50 возила во тунел во Бугарија, две лица загинаа

-

Најмалку две лица загинаа, а двајца се потешко повредени во верижен судир на повеќе од 50 возила во тунелот Витинија, на автопатот Софија – Варна.

Во судирот кој се случил попладнето, учествувале патнички и товарни возила, наведува бугарската полиција.

На местото на несреќата дошле девет возила на брза помош, а се очекува бројот на повредените да биде далеку поголем.

Причините за несреќата не се познати, а местото го обезбедува полиција.

Заради сообраќајната несреќа, на патот Софија – Варна, формирана е колона на возила од 4 километри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...