fbpx
Македонија Страница 1726

Македонија

Обвинителствата контра Катица Јанева: Специјалното обвинителство е неуставно

Обвинителите кои вчера присуствувале на состанокот со државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, меѓу другото, изразиле незадоволство од донесувањето на Законот за специјално обвинителство, кој го оцениле како неуставен и повикале на поднесување иницијатива за оценување на неговата уставност и законитост, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Присутните...

Во август Охрид го посетиле 16 проценти повеќе гости

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат зголемен број туристи и ноќевања во македонскиот туристички центар Охрид. Вкупниот број на туристите во август оваа година во Охрид, во однос на август 2014 година, е зголемен за 16,1 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за...

Изралескиот „Аркија флај“ ќе отвори чартер-летови кон Охрид

Изралескиот „Аркија флај“ ќе отвори чартер-летови кон Охрид, од почетокот на јуни 2016 година, потврди генералниот директор на „Аркија интернејшнл“, Дуду Макхлаб, на состанок со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Кристијан Џамбазовски. Планирани се два чартер-летови неделно, а...

Времето денеска сончево со температура до 20 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од 7 до 13 Целзиусови степени, а дневната температура од 16 до 23 степени. Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност и со...

Заев: Израел нема дадено финансиски донации за Македонија!

„Израелските власти ни потврдија дека немаат давано финансиски донации, туку само донации во форма на знаење и во опрема“, изјави денеска во Тел Авив лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбите со израелските власти. - Дефинитивно се потврди дека донациите се присутни како опрема, во...

Хојте: Ова не е војна, партиите мора да направат компромис

Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, попладнево, додека сè уште траат преговорите за изборната регулатива, им порача на партиите дека мора да направат компромис. - Партиите мора да сфатат дека не може да добијат сè. Во нормалниот свет, кога се прави компромис, се откажуваш од одредени...

Дигитализацијата во радиодифузијата: достигнувања, предизвици и перспективи

Првата јавна консултација „Дигитализацијата во радиодифузијата: достигнувања, предизвици и перспективи“, која е дел од проектот „Мапирање на дигитализацијата во радиодифузијата во РМ“, спроведен од Фондацијата „Метаморфозис“, се одржа денеска во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје. Целта на консултацијата беше да се утврдат ефектите, последиците и...

Хелсиншки комитет постави „Ѕид на срамот“ на улица Македонија

Ниската свест кај граѓаните, непреземањето мерки од надлежните институции, како и неказнувањето на сторителите и слабата законска рамка се заклучоците од анализата на состојбата со говорот на омраза во Република Македонија подготвена од Хелсиншки комитет, објави „Радио Слободна Европа“. Елена Брбеска, поектна координаторка во Хелсиншкиот...

Советот на јавни обвинители утре ќе решава за предлозите на Јанева

Советот на јавни обвинители за утре, 14 октомври, ја закажа седницата на која неговите членови ќе решаваат околу изборот на тимот што ќе ѝ помага на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во решавањето на наводите што произлегуваат од незаконското прислушување. На дневен ред на седницата ќе бидат...

„Студентски пленум“: Најавата на Груевски за нов студентски дом е популистички потег

Премиерот Никола Груевски во интервјуто за телевизија „Сител“ најави изградба на нов студентски дом, што од „Студентски пленум“ го оценуваат како популистичка мерка, додавајќи дека е трагично што студентите мора да чекаат реакција од Владата само кога нивните животи се загрозени. Од Министерството за образование и наука...

ЕК: Одложено објавувањето на извештајот за напредокот на кандидатите

Европската комисија денеска соопшти дека поради клучниот состанок за тоа како да се решат војната во Сирија и бегалската криза, одложено е годинешното објавување на извештајот за напредокот на кандидатите за потенцијална кандидатура за членство во ЕУ. Како што изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис...

СДСМ: Нека дојде Груевски да ги води преговорите за изборната регулатива

Речиси целиот вчерашен ден преговарачите во работните групи го поминале на паузи и во билатерални средби со меѓународните преставници, дознава „Мета“ од извори од СДСМ. Тие велат дека на почетокот на средбата, меѓународните преставници дале предлог-закон во кој биле содржани претходни преговарачки предлози и препораки од ОБСЕ-ОДИХР со...

ВМРО-ДПМНЕ со засилување на денешната рунда преговори

Со засилена екипа, ВМРО-ДПМНЕ денеска навреме пристигна на почетокот на преговорите на работните групи во Клубот на пратениците. Во тимот на владејачката партија се Илија Димовски, Антонио Милошоски, Влатко Ѓорчев и Билјана Бришковска-Бошкоски. На средбата, освен олеснувачот Питер ван Хојте, присуствуваат Дамјан Манчевски и Цветанка...

За четири месеци низ Македонија поминале 137.290 мигранти

Министерството за внатрешни работи (МВР), во изминатите 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 2.531 мигрант, од кои, најголемиот број, односно 1.392, се државјани на Сирија. Од почетокот на издавањето на документите, со кои на мигрантите им се овозможува 72-часовен...

Коцијанчич: Напредок за изборната регулатива и за ДИК мора да се постигне итно

„Комесарот одблизу ја следи имплементацијата на политичкиот договор во Скопје. Тој е запознаен со пролонгирањето на одлуката што треба да се донесе, а регулира важни прашања“, вели Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот Јоханес Хан. - Комесарот е загрижен дека некои од роковите што ги договорија политичките лидери...

Во Куманово синоќа запалени 11 возила

Ноќеска околу полноќ, на три локации во Куманово, биле запалени 11 возила. Градоначалникот, Зоран Дамјановски, изјави дека бил информиран од противпожарната единица дека пет од запалените возила биле на вработени во МВР. Полицијата околу 1 часот привела осомничено лице и се работи на целосно расчистување и на...

Кадровски промени во СВР Тетово

Неваир Шабани е новиот началник на Секторот за внатрешни работи Тетово, а досегашниот, Фаредин Зенуни, замина на друга должност во Министерството за внатрешни работи. Кадровски промени се извршени и во други сектори во тетовската полиција. Началник на одделението за криминалистичка полиција е Берат Мустафи, кој...

Советот на јавни обвинители денеска „ќе реши кога ќе решава“ за предлозите на Јанева

Членовите на Советот на јавни обвинители денеска ќе имаат состанок на кој ќе го прецизираат датумот на одржување на седницата за расправа и за избор на предлог-тимот што ќе ѝ помага на специјалата јавна обвинителка, Катица Јанева, во решавањето на наводите што произлегуваат од незаконското прислушување,...

Роковите ги газат преговарачите, медиумите и привремената влада

Преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино се во ќор-сокак, а пробиен е рокот за изборната регулатива, која требаше да биде усогласена до 6 октомври. Поради пробивањето на овој рок, постои можност да се одолжат и другите отворени прашања. Преговорите, барем за јавноста, беа во...

САД и ЕУ: Од суштинска важност е Советот на јавни обвинители да го именува тимот на Јанева

Амбасадата на Соединетите Американски Држави и Делегацијата на Европската унија во Скопје го поздравуваат досега постигнатиот напредок во однос на спроведувањето на законот за јавниот обвинител за истраги за прислушуваните комуникации, што е клучен сегмент од политичкиот договор. Тие велат дека позитивни моменти претставуваат брзото...