fbpx

Дигитализацијата во радиодифузијата: достигнувања, предизвици и перспективи

-

Првата јавна консултација „Дигитализацијата во радиодифузијата: достигнувања, предизвици и перспективи“, која е дел од проектот „Мапирање на дигитализацијата во радиодифузијата во РМ“, спроведен од Фондацијата „Метаморфозис“, се одржа денеска во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.

Целта на консултацијата беше да се утврдат ефектите, последиците и предизвиците со кои се соочуват сите чинители од македонската медиумска сфера по завршувањето на процесот на дигитализација во земјата.

– Дигитализацијата на медиумите, како што советуваа ОБСЕ и Советот на Европа, има економски придонес, технолошко технички, но има и општествен придонес, а тој е граѓаните да имаат пристап кон мноштво информации, домашни информации. Што направивме ние? Регионалните телевизии и радија ги уништуваме, се води сметка само за националните најмногу да ги има на пазарот и ние го изгубивме плурализмот на регионално и на локално ниво. Од кого ќе се информираат граѓаните на локално и на регионално ниво кога тие телевизии едвај преживуваат, немаат со што да платат новинари и редакција. Регулаторот мора да води сметка за тоа, тој си стои на едно ниво и се сведува на давање и на одземање дозволи, следење на пазар и толку – вели Снежана Трпевска, професор на Високата школа за новинарство.

Професорот Зоран Јаневски вели дека дигитализацијата била извонредна можност да се овозможи развој на радидифузниот сектор, пораст на пазарот, унапредување на деловните практики на медиумите, но, според него, тоа не се случило.

Според Горан Гаврилов, сопственик на „Канал 77“, во дигитализацијата, освен замена на технологијата, требало да се види и висината на цената и да се види колку досега чинела замената на аналогниот со дигиталниот сигнал. Тој вели дека цената да се зрачи на дигитален сигнал е трипати повисока, а петпати е повисока доколку се зрачи во висока дефиниција.

Проектот ќе заврши со финален документ, во кој ќе бидат интегрирани сите сознанија од истражувањето, како и препораки за тоа во кои насоки ќе биде потребно да се унапредува дигитализацијата во радиодифузијата во иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...