fbpx
Македонија Страница 1727

Македонија

Движењето за реформи на ДПА: Да престанат опструкциите на работата на Јанева

Централното претседателство на Движењето за реформи на ДПА, по одржаната редовна седница, разговарајќи за актуелните политички прашања, апелира до работните групи да продолжат со политичкиот дијалог, почитувајќи ги динамиката и роковите предвидени во Договорот на Пржино. Тие бараат веднаш да престанат опструкциите што ѝ се прават на...

Бесими со Вајгл разговараше за евро-атлантските интеграции

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска во просторите на Секретаријатот за европски прашања, се сретна со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, со кој разговарал за активностите што се преземаат за спроведување на клучните реформи...

Згаснаа три печки во „Југохром“

„Југохром“ од Јегуновце го намали производствениот процес откако утринава комбинатот одлучи да бидат згаснати три печки. Од раководството на „Југохром“ велат дека сега фабриката ќе работи со намален капацитет за околу 20 отсто, што е вообичаена практика во секоја зимска сезона, за да се намалат трошоците...

СДСМ: Дека тоа што го зборуваше опозицијата е вистина, се потврди со посетата на Заев во Израел

Разбирлива е нервозата кај Груевски од официјалната посета на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на Израел, каде што беше пречекан на највисоко државно и владино ниво, реагираат од СДСМ. „Оттаму се нарачаните манипулации околу разговараното на остварените средби. Многу прецизна е изјавата на претседателот на СДСМ, Зоран...

Големи уши и џиновско око прислушуваа и ѕиркаа низ Скопје

На скопските улици и околу институциите, претпладнево граѓански активисти со џиновски уши и очи „ѕиркаа“ и „прислушуваа“. Оваа т.н. герила-акција се случуваше пред Владата, пред новата зграда на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, пред неделникот „Фокус“, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Општината Центар, ЕУ Инфо центарот ...

Политичките партии во Клубот на пратеници ја решаваат новата криза

Во 14 часот, во Клубот на пратеници во Скопје, почна средбата на претставниците на политичките партии со надеж дека ќе го решат застојот во преговорите за изборниот законик. Изјава даде само претставникот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој рече дека на средбата нема да разговараат за ништо...

Грчки цариник со спреј оштетил регистарски ознаки на македонски камион

Македонски камионџија вчера на граничниот премин Богородица пријавил дека грчки цариник со спреј му ја оштетил задната регистерска табличка и ознаката „МК“ на товарното возило, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, додека возачот на камионот службено бил на солунското пристаниште, при извршувањето на...

Хан в понеделник во Скопје

Комесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, в понеделник ќе допатува во Скопје. - Одблизу го следиме развојот на настаните и ги повикуваме сите партии да продолжат да работат на имплементирање на Договорот од Пржино. Еврокомесарот Хан планира идната недела да ја посети земјата,...

Вајгл: Позитивниот извештај за Македонија зависи од Договорот од Пржино

Извештајот за напредокот на земјава и тоа дали Македонија ќе ја загуби препораката за земја-членка на ЕУ, зависи од имплементацијата на Договорот од Пржино, рече европратеникот Иво Вајгл, по денешната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој изјави дека наскоро ќе почне парламентарната процедура за...

Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври, е неработен

Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври 2015 година (петок), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните на Република Македонија им го честитаат Денот на македонската револуционерна борба.

EK сè уште без датум за извештаите за кандидатите за членство

Европската комисија сè уште нема одредено датум кога ќе ги објави извештаите за напредокот на земјите-кандидатки за членство во ЕУ. - Европската комисија вообичаено во овој период од годинава ги објавува извештаите за проширување. Ги објавуваме во момент кога знаеме дека со нивно усвојување и...

Почна средбата на Вајгл со Заев

Почна средбата на преседателот на СДСМ, Зоран Заев, со европратеникот Иво Вајгл. На почетокот Вајгл на даде изјава и рече дека тоа ќе го стори на крајот од средбата. Европратеникот денеска ќе има средби со лидерите на поголемите политички партии, а според најавите, треба да се...

За 24 часа издадени потврди на вкупно 2.555 мигранти

Министерството за внатрешни работи (МВР), потврди за искажана намера за барање азил, вчера издало на вкупно 2.555 мигранти, од кои најголемиот број се сириски државајни, соопшти МВР. Од почетокот на издавањето на потврдите, на 19 јуни, кога стапија на сила измените на Законот за азил...

Почнува изградбата на затворениот базен во Охрид

По долги подготовки, почнува изградбата на затворениот базен во Охрид, кој истовремено ќе биде и најмодерно здание од ваков вид во Македонија. Вредноста на објектот е 298 милиони денари и рокот на изведба е 30 месеци од почетокот на работата. Затворениот пливачки базен, чиј камен-темелник...

Јанева бара избраните обвинители во нејзиниот тим да не дадат свечена изјава

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, бара од седумте избрани обвинители во нејзиниот тим да не дадат свечена изјава и истовремено го повикува Советот на јавни обвинители да закаже седница и да го избере целосниот тим што го предложи таа, стои во писменото соопштение од...

Биосферниот резерват Охрид-Преспа, тема на академија организирана од УНЕСКО

Триесетина стручни лица, избрани од УНЕСКО во светски рамки, учествуваат на Академијата за одржлив развој што се одржува во Торино, Италија. Тема на академијата се заштита на наследството и биосферните резервати. Дејан Пановски од делот за природа при Националната комисија на УНЕСКО, преку предавање, ќе го претстави...

Светскиот ден на здравата храна одбележан во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“

По повод Светскиот ден на здравата храна, децата од клонот „Пепелашка“ на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, денеска имаа практична едукација. Имено, учителките од градинката им покажуваа на децата како и колку треба да се јаде здрава храна. Министерството за труд и социјална политика, под чија надлежност...

До вторник треба сè да е готово, а преговорите на стенд-бај

Веќе десет дена е пробиен рокот што работните групи го имаа според Договорот од Пржино за да ја договорат изборната регулатива. Откако пред два дена СДСМ ги напушти работните групи, преговорите се во ќор-сокак, а денеска од опозицијата соопштија дека немаат намера да се вратат на...

Осум години од смртта на Тоше Проески

Големиот македонски пејач Тоше Проески, пред осум години, токму на 16 октомври, загина во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години. Во моментот на несреќата, Тоше се наоѓал на совозачкото седиште во возилото...

Гутерес: Македонија и Србија се клучни во менаџирање на мигрантската криза

Високиот комесар за бегалци на ОН, Антонио Гутерес, на средбата со претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, во Женева, истакнал дека Македонија и Србија се клучни во менаџирање на мигрантската криза и дека Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) настојува Брисел да овозможи поголема помош...

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години - во 2017, се...