fbpx

За 24 часа издадени потврди на вкупно 2.555 мигранти

-

Министерството за внатрешни работи (МВР), потврди за искажана намера за барање азил, вчера издало на вкупно 2.555 мигранти, од кои најголемиот број се сириски државајни, соопшти МВР.

Од почетокот на издавањето на потврдите, на 19 јуни, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита, до денеска, ваков документ им бил издаден на вкупно 145.834 странски државјани. Од нив, 101.259 се сириски државјани, од Авганистан се 23.557 лица, од Ирак – 10.457, Пакистан – 3.565, Иран – 1.482, Палестина – 1.451, Сомалија – 794, Бангладеш – 791, Конго – 436, Нигерија – 241, Камерун – 207 и од Еритреја се 201 лице.

Според податоците на МВР, од вкупниот број мигранти што во изминатите четири месеци влегле на територијата на Македонија, само 70 лица побарале да останат во земјава, односно поднеле барање за признавање на правото на азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...