fbpx

Осум години од смртта на Тоше Проески

-

Големиот македонски пејач Тоше Проески, пред осум години, токму на 16 октомври, загина во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години.

Во моментот на несреќата, Тоше се наоѓал на совозачкото седиште во возилото „фолксваген туарег“, кој со голема брзина удрил во приколката на камионот пред него и потоа во заштитната ограда покрај патот.

Возачот Ѓорѓе Георгиевски имаше потешки повреди, додека менаџерката на пејачот, Лилјана Петровиќ, помина со полесни повреди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...