fbpx

Убиен мигрант на бугарско-турската граница

-

Маж кој патувал со голема група бегалци од Авганистан загинал, кога граничарите во близина на југоисточниот бугарски град Средец отвориле предупредувачки оган, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

– Нашата гранична патрола и полиција налетала на околу 50 престапници, кои незаконски влегле во нашата земја – рече Георги Костов, генерален секретар на министерството за внатрешни работи за државното радио БНР.

Костов рече дека мажите, на возраст меѓу 20 и 30 години, „најверојатно Авганистанци“, се приведени и се во добра здравствена состојба.

– Тие пружиле отпор при апсењето. Еден од полицајците отворил предупредувачки оган. Мигрантот е повреден кога куршумот рикошетирал – рече Костов, додавајќи дека мажот починал на пат до болница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...