Првата фаза од реконструкцијата на градскиот стадион во Тетово, која опфаќа нова трева и дренажен ситем, е при крај.

Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, која денеска беше на самото место да направи увид на реконструкцијата на стадионот, изјави дека првите фудбалски натпревари на новиот терен ќе можат да се одиграат кон крајот на ноември годинава.

– Во согласност со стандардите на ФФМ, тревата од теренот мора да биде искосена најмалку трипати за тука да се одржуваат натпревари. Првото косење е закажано за 15 октомври и се надевам дека до последната недела од ноември, тревата на стадионот ќе биде искосена третпат, со што екипите ќе може да ги играат натпреварите тука. Новата трева овозможува играње натпревари во текот на сите годишни времиња – изјави градоначалничката Арифи.

Кон крајот на ноември ќе се постави и ново осветлување на стадионот.

Со јавно-приватно партнерство, ќе се реконструираат и трибините. Обновата на градскиот стадион во Тетово почна во март годинава, како дел програмата „Хет-трик“, во која беа вклучени локалната самоуправа и Фудбалската федерација на Македонија, со финансиска поддршка на УЕФА.