fbpx
Македонија Страница 1560

Македонија

Коцијанчич: Македонските власти треба да преземат одговорност

Европската комисија одблизу ја следи ситуацијата во Македонија, особено по вчерашните настани и тоа што се случуваше во изминатите денови, но останува македонските власти да преземат одговорност во интерес на државата и на граѓаните, рече портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. - Особено е важно...

Јакимовски: Одлуката на Иванов е донесена под огромен притисок

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција рече дека неговата партија е крајно изненадена од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира сите политичари против кои се води предистражна, истражна постапка или, пак, има правосилна судска одлука. - Запрепастувачки е што оваа одлука се...

Црвенковски: Иванов итно да го избрише моето име и презиме од срамната одлука

Поранешниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, му испрати писмо на претседателот Ѓорге Иванов. Во писмото, Црвенковски бара Иванов итно да ја повлече одлуката за аболирање на која се наоѓа и името на поранешниот претседател. Во писмото Црвенковски вели дека ако работите зависеле од него,...

Вајгл, Ховит и Кукан: Одлуката на Иванов ја загрозува стабилноста на Македонија

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои посредуваа во разговорите меѓу политичките партии од кои произлезе Договорот од Пржино, денеска изразија длабока загриженост поради развојот на настаните во Скопје. Тие ги повикаа главните политички партии да работат заедно во интерес на граѓаните на...

ДИК побара од МВР повторно да провери повеќе од 160.000 гласачи

Државната изборна комисија им наложи на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на Управата за водење матични книги (УВМ) да проверат повеќе од 40.000 гласачи кои не биле дома за време на теренската проверка. Исто така, тие треба да ги проверат и околу 124.000 граѓани кои...

СДСМ до Собранието поднесе иницијатива за одговорност на Иванов

Пратеничката група на СДСМ денеска поднесе иницијатива за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов поради неговата одлука за помилување на сите политичари за кои има предистражни, истражни постапки или правосилна судска одлука. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, ги повика пратенички групи да...

Помилувањата за Груевски, Мијалков, Црвенковски, Јанкулоска и за други, објавени во „Службен весник“

Одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на сите политичари експресно е објавена во „Службен весник“, каде се наведени имињата на лицата помилувани од претседателот. Меѓу нив се и имињата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот директор...

ВМРО-НП: Прво правосилна пресуда, потоа амнестија

„ВМРО-Народна партија пред година и половина беше иницијатор за донесување закон за амнестија низ собраниска процедура. За сето ова време, иако жестоко критикувани, продолживме да го браниме овој став затоа што бевме убедени дека кризата на крај ќе заврши со амнестија, која ќе е...

Блицкриг на Иванов: Аболиција, сликање, насмевки, тројна средба и гала-вечера

Посетата на претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, случајно или не, поминаа во сенка поради одлуката на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, да ги помилува сите политичари против кои се водат правосудни постапки. Тој ја соопшти оваа одлука половина...

Германија очекува брзо разјаснување на одлуката на Иванов

Германската амбасада во Скопје денеска соопшти дека е длабоко загрижена поради најавата на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира и да ги амнестира политичарите. „Очекуваме принципот на владеење на правото да биде почитуван од сите страни. Се надеваме дека состојбата во државата и во општеството...

Камбовски: Ако Иванов донел таква одлука, извршил државен удар

Ако Иванов донел таква општа одлука за помилување, а не поединечни акти адресирани точно по име, презиме и за одредени кривични дела, тој постапил надвор од своите овластувања и извршил државен удар, смета академик Владо Камбовски, во изјавата за порталот „СДК“. „Ваква општа одлука од...

Сите аболиции во независна Македонија: Иванов ги надмина Трајковски и Црвенковски

Тројца од вкупно четворицата претседатели на државата во историјата на самостојна Македонија ја искористија аболицијата како правен инструмент за ослободување лица од кривично гонење уште пред осомничените да седнат на обвинителна клупа во судот. Единствен што не го употребил овој институт е првиот претседател на државата,...

ДС бара вонредна седница на Собранието за импичмент на Иванов

Демократскиот сојуз денеска ги повика сите пратеници да дојдат во Собранието и да почнат постапка за одржување вонредна седница за да се донесе одлука за престанување на важноста за самораспуштање на законодавниот дом и да се поведе постапка за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов. „Во...

Пломп: Отчетноста е клучна за решавање на политичкиот конфликт

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп синоќа реагираше на одлуката на претседателот Иванов да даде аболиција и амнестија на политичарите. „Отчетноста е клучна за решавање на политичкиот конфликт, за Пржино и пошироко. Незаконитоста не може да биде одговор. Целосна поддршка за Специјалното јавно обвинителство“, напиша Пломп на Твитер. https://twitter.com/wouterplomp/status/719991484246794240 Претседателот...

Осудениот во „Пуч“ експресно излегува од затвор по амнестијата на Иванов

Единствениот осуден во случајот „Пуч“, Ѕвонко Костовски, го напушта затворот „Идризово“ откако вчера од кабинетот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, до Основниот суд Скопје 1 стигнала одлуката за помилување, соопшти денеска судот. Судијата за извршување санкции веднаш ја доставил одлуката до затворот за извршување,...

Каменос и Бакојани се скараа за бегалската криза

Продолжуваат расправиите меѓу грчката влада и опозициските партии поради ситуацијата на Идомени и инцидентите со македонската полиција. Опозициските партии и понатаму бараат грчката влада да се повлече бидејќи, според нив, е целосно отсутна и не е дорасната да се справи со целата ситуација. На конференцијата на...

Бејли: Помилувањето ги штити корумпираните политичари

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска на својот твитер-профил, за одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги запре сите судски процеси што се водат против политичари во Македонија, рече дека е процес кој ги штити корумпираните политичари. Тој напиша: „Општо помилување без судски...

ЛП: Иванов создаде вонредна состојба и отвори пат за итна собраниска седница

Со одлуката на Ѓорге Иванов за прекинување на сите кривични постапки против политичаритe што се поврзани со политичката криза и со аферата за прислушање, тој директно го прекрши членот 9 од Уставот, се вели во соопштението на Либерална партија. Според нив, „со својот акт Иванов ги...

Денеска во 18 часот, нов протест против одлуката на Иванов

Протестот против одлуката на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, да ги помилува сите политичари против кои се водат истраги или правосудни постапки, продолжува и денеска во 18 часот, а почетокот е закажан пред просториите на Специјалното јавно обвинителство. Во објавата на „Фејсбук“ стои: „Продолжуваме со мирен...

Итна средба на Хан со Вајгл, Ховит и со Кукан за Македонија

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, утрово има итна средба со посредниците од Договорот од Пржино, европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, по вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине судските процеси против политичките лидери. Информацијата за средбата...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...