Црвенковски: Иванов итно да го избрише моето име и презиме од срамната одлука

-

Поранешниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, му испрати писмо на претседателот Ѓорге Иванов. Во писмото, Црвенковски бара Иванов итно да ја повлече одлуката за аболирање на која се наоѓа и името на поранешниот претседател. Во писмото Црвенковски вели дека ако работите зависеле од него, со тие како претседателот Иванов ниту нешто ќе се преговарало ниту, пак, од нив нешто ќе се очекувало.

„Во вчерашниот број на „Службен весник“ на Република Македонија беше објавена содржината на Вашата антидемократска, антиправна и антидржавна одлука. Одлуката по својата содржина и по својата намера е срамна и спротивна на здравиот разум. Иако од Ваша страна не може ништо да ме изненади, сепак бев вчудоневиден кога таму го видов моето име и презиме. Господине Иванов, ниту има каква било основа за такво нешто (против мене не се води каква било постапка), но, што е уште поважно, ниту од Вас ниту, пак, од кој било друг, барам или прифаќам какво било помилување. Оттука, Ве повикувам итно да ја измените одлуката и да го избришете моето име и презиме од неа. Со Вас и со тие зад Вас, да зависеа работите од мене, ниту нешто ќе се преговараше ниту, пак, нешто од Вас ќе се очекуваше. Одамна ќе се видевме на различни страни од барикадите на клучната средба на нашиот народ со својата судбина. Се надевам дека и сите други чии имиња се спменати во Вашата скандалозна одлука со индигнација ќе ја одбијат оваа Ваша милост и ќе покажат трошка достоинство“, пишува во писмото на Црвенковски.

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото...