fbpx

Вајгл, Ховит и Кукан: Одлуката на Иванов ја загрозува стабилноста на Македонија

-

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои посредуваа во разговорите меѓу политичките партии од кои произлезе Договорот од Пржино, денеска изразија длабока загриженост поради развојот на настаните во Скопје. Тие ги повикаа главните политички партии да работат заедно во интерес на граѓаните на државата и да се вратат на својата посветеност на тоа што е договорено со Договорот од Пржино, кој е единствениот начин за излез од кризата.

„Длабоко сме загрижени од последниот развој на настаните во Скопје и не можеме да истакнеме колку е важно главните политички партии да останат посветени на Договорот од Пржино. Договорот мора целосно да се почитува, вклучувајќи ги и деловите што се поврзани со заштита и со зајакнување на владеењето на правото во државата, како и да се осигури одржување на веродостојни избори“, стои во соопштението, издадено по денешната средба на европратениците со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, посветена на политичката состојба во Македонија.

Европратениците сметаат дека одлуката на Иванов за стопирање на сите судски процеси против политичари и функционери, како и нивна амнестија, сериозно може да ја загрози Македонија.

„Веруваме дека одлуката на претседателот Иванов за општа амнестија за сите што се осомничени за вмешаност во скандалот со прислушувањето може само да го поткопа владеењето на правото и да го зголеми чувството на незаконитост кај тие за кои Обвинителството и Специјалното обвинителство водат истрага. Исто така сме загрижени дека овие последни настани претставуваат дополнителен голем ризик за стабилноста на земјата и за нејзините евроатлатнски интеграции и за европската перспектива“, стои во соопштението.

Европратениците велат дека остануваат целосно посветени и отворени за разговор со политичките лидери, како и за наоѓање начини како да се надминат последните сериозни назадувања и да осигураат Договорот од Пржино целосно да биде имплементиран, пред сè за доброто на државата и на македонскиот народ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...