fbpx

Коцијанчич: Македонските власти треба да преземат одговорност

-

Европската комисија одблизу ја следи ситуацијата во Македонија, особено по вчерашните настани и тоа што се случуваше во изминатите денови, но останува македонските власти да преземат одговорност во интерес на државата и на граѓаните, рече портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

– Особено е важно да преземат одговорност. Ние сме во постојан контакт со нив и нашата позиција е особено јасна – рече Коцијанчич.

Портпаролката, сепак, негираше дека во Скопје нема лице кое ги претставува интересите на ЕУ.

– Тоа не е точно. Имаме Делегација на ЕУ во Скопје, која е многу присутна, активна и инволвирана. Ние сме активни и во Скопје, како и во Брисел – рече Коцијанчич и повтори дека лидерите на политичките партии треба да се вратат на преговарачката маса и да најдат решение.

Реакцијата на Брисел доаѓа по вчерашната одлука на претседателот Иванов да ги прекине судските процеси против политичарите за да стави крај политичката криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...