fbpx

ЗНМ и МВР потпишаа протокол за безбедност на новинари

-

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го потпишаа Протоколот меѓу ЗНМ и МВР за меѓусебните односи меѓу полициските службеници и медиумските работници, информираат од МВР.

Станува збор за протокол за безбедност во рамките на МВР, којшто треба да води кон зголемување на безбедноста на новинарите при вршењето на нивната професионална дејност во иднина. Протоколот е креиран во рамките на проектот „Безбедни новинари за кредибилни информации“, којшто го спроведува ЗНМ, а е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во земјава.

Годинава на темата безбедност на новинари од страна на ЗНМ биле спроведени шест обуки со припадници на МВР, адвокати, судии, обвинители и новинари. Во рамките на овој проект е изработен Прирачник на безбедност на сниматели и Прирачник за безбедност на дописници во Македонија. Пред неколку дена, ЗНМ ги промовираше и двете публикации „Хроника за (не)безбедноста на новинарите“ и „Нападите врз новинарите и медиумските работници на 27 април“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ ги повика социјалните мрежи да ги означуваат содржините генерирани од вештачка интелигенција

Компаниите за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Гугл и Фејсбук, беа повикани од ЕУ „веднаш“ да започнат со етикетирање на содржините и фотографиите генерирани од вештачка интелигенција, како дел...
Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes
free online course
download coolpad firmware
Download Nulled WordPress Themes
free online course