недела, 7 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: потпишување | 37 резултати

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор

12 февруари 2020

Претседателот, Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор. „На ова чекавме речиси 30 години, ама се исплатеше. Нека ни е со среќа!“, рече претседателот Пендаровски по потпишувањето на Указот. На чинот на потпишувањето присуствуваа студенти од политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје.

Потпишани договорите за идниот далновод кон Албанија и нова трафостаница во Охрид

7 февруари 2020

МЕПСО ќе инвестира 35 милиони евра во двата проекти за изградба на 400 киловолтен далновод за поврзување на електропреносните системи на Македонија и Албанија и на нова 400/100 киловолтна трансформаторска станица во близина на Охрид. Во владата денес беа потпишани договорите со изведувачите „Енергоинвест“ од Босна и Херцеговина и „Кончар“ од Хрватска. Реализацијата на проектот […]

Договор за првата фаза од автопатот кон Косово, експропријацијата допрва ќе се решава

16 јануари 2020

Околу 12,2 милиони евра, без вклучен ДДВ, ќе чини изградбата на првите два километра од автопатот Скопје – Блаце. Во просториите на владата денеска беше потпишан договорот со „Гранит“ за изведба на првата фаза од проектот, којшто ќе овозможи наредното лето да се стави во функција оваа секција од автопатот. Првите два километра се градат […]

ЗНМ и МВР потпишаа протокол за безбедност на новинари

30 декември 2019

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го потпишаа Протоколот меѓу ЗНМ и МВР за меѓусебните односи меѓу полициските службеници и медиумските работници, информираат од МВР. Станува збор за протокол за безбедност во рамките на МВР, којшто треба да води кон зголемување на безбедноста на […]

Националниот парк „Галичица“ догодина со 178.000 евра поддршка преку Фондот за природа Преспа – Охрид

20 декември 2019

Продолжува соработката меѓу ЈУ Национален парк Галичица и Фондот за природа Преспа – Охрид (ПОНТ), која што започна минатата година. Деновиве беше потпишан нов договор вреден 178.000 евра, со кој овој фонд е предвидено да финансира дел од трошоците за 2020 година за тековно работење на јавната установа што управува со Националниот парк „Галичица“. Станува […]

Груевски го честиташе потпишувањето на Протоколот за НАТО

6 февруари 2019

Бегалецот Никола Груевски го честиташе потпишување на Протоколот за НАТО во Брисел на неговиот фејсбук-профил. Во неговото, како што вели, „размислување за нова национална стратегија по новонастанатата ситуацијa со името“, тој прави анализа – во продолженија – за тоа што значи членството на државата во НАТО,  паралела со дејствувањето на старот ВМРО и нивната борба за […]

Пратениците денеска повторно ќе гласаат за Договорот со Грција по ветото на Иванов

5 јули 2018

Собранието денеска во 11 часот ќе одржи пленарна седница на која единствена точка на дневен ред е законот за ратификација на Договорот со Грција кој на 17 јуни во Преспа го потпишаа македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕиас. Законот по втор пат се наоѓа пред пратениците откако претседателот Ѓорге […]

Џафери: Собранието мора да ја прекине лошата пракса на Иванов да не потпишува закони

29 јуни 2018

Доколку не го потпише и законот за ратификација на Договорот со Грција откако и по втор пат ќе биде изгласан со Собранието, претседателот на државата Ѓорге Иванов ќе воведе лоша пракса на мешање на надлежностите на властите односно преземање на надлежностите кои му припаѓаат на Собранието. Ова го истакна денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери […]

Иванов: 534.910 граѓани ми дадоа мандат да не го потпишам Договорот со Грција

26 јуни 2018

Врз основа на член 75 од Уставот, донесов одлука да не го потпишам Договорот со Грција, вели претседателот Ѓорге Иванов во писмото до Собранието, што беше денеска препратено до медиумите. Тој набројува пет причини зошто нема да го потпише Договорот и потенцира дека во извршувањето на функцијата Претседател на Република Македонија секогаш постапува одговорно и […]

Ципрас: Атмосферата на ручекот беше многу добра, речиси како на свадба

18 јуни 2018

Климата беше многу добра на ручекот со Заев, речиси како на свадба, бил коментарот на Алексис Ципрас за ручекот на двете владини делегации и на еврокомесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан, како и претставничката на Генералниот секретар на ОН, Розмари ди Карло, што вчера се одржа во Отешево, веднаш по потпишувањето на Спогодбата за решавање […]

ВМРО-ДПМНЕ: Ова е капитулантски договор со кој Заев се гордее

17 јуни 2018

„Зоран Заев е најголемото оружjе што досега го имала грчката страна во преговорите за името. Зоран Заев со овој договор прави три големи работи кои создаваат неповратна штета. Со договорот се бирише името Македонија, се менува уставот, и се загрозува идентитетот Македонец и македонско“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, по повод денешното потпишување на […]

Во Преспа потпишана спогодбата со Грција

17 јуни 2018

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас во селото Псарадес (Нивици) на грчкиот брег на Преспанското Езеро претпладнево ја потпишаа „Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817  (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од […]

Димитров, Коѕијас и Нимиц ќе го потпишат договорот денеска во Преспа

17 јуни 2018

Премиерот Зоран Заев, ја предводи делегацијата на Владата, на свечената цермонија на потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство, што денеска, ќе се одржи на македонската и на грчката страна на Преспанско Езеро. Премиерот Заев и македонската делегација, во чиј состав се замениците претседатели на владата, министерката […]

Договорот со Грција ќе се потпишува утре, денеска се гласа доверба на владата на Ципрас

16 јуни 2018

Во текот на утрешниот ден, недела, 17 јуни, во регионот на Преспа, на територија на Грција во засега непознат термин, ќе се одржи церемонијата на која, како што соопшти македонската влада, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на  Грција, Никос Коѕиас ќе го потпишат договорот за  решавање […]

ОМД го повика Иванов да не го потпишува Законот за јазиците

12 јануари 2018

Обединетата македонска дијаспора во реакција до јавноста ги осуди пратениците кои вчера гласаа за усвојувањето на Законот за употреба на јазици и порача дека македонската заедница надвор од Македонија нема да го толерира редефинирањето на македонскиот национален идентитет, како и дека историјата ќе им суди на оние кои го изгласале законот. „Овој закон, усвоен без […]

Ако Иванов не го потпише за седум дена, законот за јазиците ќе почека уште еден месец

11 јануари 2018

По денешното усвојување во Собранието, Законот за употреба на јазиците во следните седум дена е во рацете на претседателот на државата Ѓорге Иванов кој треба да го потпише указот за негово прогласување за да може законот да биде објавен во Службен весник и официјално да стапи на сила. Надлежностите на претседателот на државата и роковите […]

Утре попладне заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија во Поградец

14 декември 2017

Владите на Македонија и на Албанија утре попладне ќе одржат заедничка седница во Поградец, Албанија. На седницата, како што соопштија од владината прес-служба, ќе се разговара за повеќе теми за унапредување на билатералната соработка, особено за инфраструктурното поврзување, изградбата на Коридорот 8, за олеснување и интензивирање на размената на стоки и услуги и за зајакнување […]

Заедничка седница на македонската и на бугарската влада, ќе се потпишат 9 документи

23 ноември 2017

Владите на Македонија и на Бугарија денеска во Домот на АРМ во Струмица ќе одржат заедничка седница. Средбата помеѓу двете делегации почнува во 10 часот, кога премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов ќе положат цвеќе на споменикот на загинатиот македонски претседател Борис Трајковски. Владината седница ќе почне во 11 часот и на неа министрите ќе потпишат […]

Изградбата на автопатиштата продолжува, Владата потпиша анекс-договор со „Синохидро“

3 октомври 2017

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, вршителот на должност директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, и претставникот на „Синохидро“ во Македонија, Фан Јанг, денеска го потпишаа анексот на договорот за изградба на автопатската делница Миладиновци – Свети Николе – Штип. Потпишувањето на овој анекс-договор следува по […]

Македонија и БИХ потпишаа договор за заемно признавање на возачките дозволи

13 септември 2017

Владите на Македонија и на Босна и Херцеговина денеска потпишаа договор за заемно признавање на возачките дозволи помеѓу двете земји. Во име на Владата на Република Македонија, договорот го потпиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а во име на Советот на министри на Босна и Херцеговина, договорот го потпиша министерот за комуникации и транспорт, […]

Страна 1 од 2