fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Ова е капитулантски договор со кој Заев се гордее

-

„Зоран Заев е најголемото оружjе што досега го имала грчката страна во преговорите за името. Зоран Заев со овој договор прави три големи работи кои создаваат неповратна штета. Со договорот се бирише името Македонија, се менува уставот, и се загрозува идентитетот Македонец и македонско“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, по повод денешното потпишување на договорот.

Според опозицијата, , а со кој ќе се срамат стотици генерации во иднина.

„Македонија не заслужува да згасне на нечесен начин, поради скриени сомнителни интереси на Зоран Заев кој бесрамно распродава нешто што не е за продавање.Не се виновни претходните генерации што ние денес живееме во Македонија, тие се наша гордост, но ако се откажеме од нив ние ќе бидеме нивниот срам. ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на овој капитулантски договор. Ова е договор со кој во сто проценти се исполнуваат сите грчки барања. Со договорот Македонија се обезличува, се менува нејзиниот идентитет“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека „Зоран Заев е единствениот политичар во Светот кој го сменил името на својата земја, и се откажал од идентитетот на својот народ.“

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, незадоволни од капитулацијата на Зоран Заев, незадоволни од договорот кој го постигнал со Ципрас, незадоволни од економското цунами и пустош на владата на СДСМ да ни се приклучат во протесниот марш во Битола. Протестот ќе започне во 13:30 часот, собирното место е пред спортската сала во Битола, низ Широк Сокак се до плоштадот Гоце Делчев пред Домот на културата“, се вели во соопштението.

Ова е можност да се покаже подготвеност и несогласување со недржавничките и поразителни политики на оваа влада предводена од Заев која освен штета не направи ништо корисно за Република Македонија, велат од партијата.

Уапсени три лица од струшко осомничени за полови дејства со деца

Струшката полиција уапси еден малолетник и две возрасни лица од струшките села Враништа, Драслајца и Мороишта поради основано сомнение за полови дејства со деца помлади од 15 години. Од Основното...
Download Premium WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
Free Download WordPress Themes
download udemy paid course for free
download lava firmware
Free Download WordPress Themes
free download udemy course