fbpx
Таг: потпишување

таг: потпишување

Утре попладне заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија во Поградец

Владите на Македонија и на Албанија утре попладне ќе одржат заедничка седница во Поградец, Албанија. На седницата, како што соопштија од владината прес-служба, ќе се разговара за повеќе теми за унапредување на билатералната соработка, особено за инфраструктурното поврзување, изградбата на Коридорот 8, за олеснување и интензивирање на размената на стоки и услуги и за зајакнување на соработката во областа...

Заедничка седница на македонската и на бугарската влада, ќе се потпишат 9 документи

Владите на Македонија и на Бугарија денеска во Домот на АРМ во Струмица ќе одржат заедничка седница. Средбата помеѓу двете делегации почнува во 10 часот, кога премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов ќе положат цвеќе на споменикот на загинатиот македонски претседател Борис Трајковски. Владината седница ќе почне во 11 часот и на неа министрите ќе потпишат девет документи за билатерална соработка во...

Изградбата на автопатиштата продолжува, Владата потпиша анекс-договор со „Синохидро“

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, вршителот на должност директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, и претставникот на „Синохидро“ во Македонија, Фан Јанг, денеска го потпишаа анексот на договорот за изградба на автопатската делница Миладиновци – Свети Николе – Штип. Потпишувањето на овој анекс-договор следува по донесениот закон за изменување и...

Македонија и БИХ потпишаа договор за заемно признавање на возачките дозволи

Владите на Македонија и на Босна и Херцеговина денеска потпишаа договор за заемно признавање на возачките дозволи помеѓу двете земји. Во име на Владата на Република Македонија, договорот го потпиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а во име на Советот на министри на Босна и Херцеговина, договорот го потпиша министерот за комуникации и транспорт, Исмир Јуско. Спасовски по потпишувањето...

Германија: По години безуспешни преговори, Бугарија и Македонија најдоа решение

„Денеска Бугарија и поранешната југословенска Република Македонија потпишаа историски договор за добрососедство во Скопје. Го поздравувам многу тоа што по многу години безуспешни преговори, се најде консензуално решение на отворените прашања. Со тоа двете држави испраќаат важен сигнал за успешна билатерална, но и регионална соработка на Балканот и за понатамошната евро-атлантска интеграција на ПЈР Македонија“, порача германскиот министер за надворешни...

Потпишан Договорот со Бугарија – Борисов и Заев го опишаа како историски чекор

Бугарија од денеска е уште поголем пријател на Македонија и наш сојузник во евроатланската перспектива, изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Бојко Борисов, по потпишувањето на Договорот за добрососедство и за пријателство помеѓу Македонија и Бугарија. - Потпишувањето на Договорот за добрососедство и за пријателство со Бугарија покажува дека таму каде што има политичка волја, прашањата...

ВМРО-ДПМНЕ бара од МАНУ да се изјасни за договорот со Бугарија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение ја повика Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) да се изјасни за договорот за добрососедство што, како што велат, премиерот Зоран Заев има намера да го потпише со Бугарија. „МАНУ мора да излезе со став околу договорот кој Заев има намера да го склучи со Бугарија. Молкот на МАНУ за вакви суштински прашања отвора...

Усвоена Римската декларација за иднината на ЕУ

Шефовите на државите и на владите на земјите членки на Европската Унија во Рим ја усвоија Декларацијата за иднината на Унијата во која се нагласува дека ЕУ ќе остане неподелена. Освен тоа, во Декларацијата се вели дека ЕУ ќе напредува со различни брзини и сили во ист правец и дека ќе биде отворена за оние европски земји што ги почитуваат и вложуваат...

Десет политички партии се обврзаа да го сменат Законот за абортус

Платформата за родова еднаквост ги повика сите политички партии да се обврзат дека по изборите ќе го сменат Законот за прекинување на бременоста од 2013 година. Декларацијата денеска ја потпишаа 10 политички партии: ВМРО - Народна партија, Демократска обнова на Македонија (ДОМ), Достоинство, Левица, Либерална партија(ЛП), Либерално-демократска партија (ЛДП), Нова социјалдемократска партија (НСДП), Обединети за Македонија, Партија за целосна еманципација...

Партиите го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Партиите денеска го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, во согласност со одредбите на Изборниот законик. Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, истакна дека изборите кои се фер, демократски и ги почитуваат принципите на демократијата и на доброто владеење, придонесуваат за демократски развој на општеството. - Сите учесници во изборите со своите активности го поставуваат фундаментот на демократијата и придонесуваат...

Политичките партии денеска ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори

Согласно одредбите на Изборниот законик, политичките партии учесници во изборите на 11 декември, денеска во 14 часот ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори во Државната изборна комисија (ДИК), која првпат го организира овој настан. - За таа цел, ги повикуваме претседателите на политичките партии кои ги предводат коалициите учесници на изборите, како и претседателите на политичките партии кои самостојно...

Судовите се прогласија за ненадлежни за потписите на Талески од притвор

Апелацискиот суд Скопје вели дека е ненадлежен да даде мислење за тоа дали битолскиот градоначалник, Владимир Талески, од куќен притвор може да потпишува службени документи. Ова стои во одговорот што од судот ѝ го испратиле на советничката во Општина Битола, од ВМРО-Народна партија, Габриела Илиевска, која побара мислења од судовите и од Собранието за работењето на Талески од дома. „Во...

Судот за Талески: Нам ни е јасно што е куќен притвор, за другото не сме надлежни

Советничката во Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од ВМРО-Народна партија, до денеска нема добиено одговор од четирите инситуции од кои бара правно толкување дали Талески од куќен притвор смее да ја води Општина Битола и да потпишува службени документи. - Моето барање до надележните институции е уредно доставено и очекувам да се произнесат по него. Се надевам дека ќе...

Кучи: Примена на швајцарски искуства за развој на туризмот во Македонија

Искористување на туристичкиот потенцијал на Македонија преку примена на швајцарска експертиза во областа на туризмот, најави министерот за економија Дритон Кучи, по потпишувањето на меморандумот за разбирање и соработка во областа на туризмот, со директорката на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), Розанди Лоу. Со потпишувањето на овој меморандум, Македонија ќе добие поддршка од Швајцарија во развојот на...

Спасовски и Безак потпишаа меморандум за заеднички патроли на јужната граница

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и амбасадорот на Словачка во земјава, Мартин Безак, денеска потпишале меморандум за разбирање меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, во врска со заедничките патроли на македонско-грчката граница поради мигрантската криза, соопшти МВР. „Со потпишување на овој меморандум за разбирање, се утврдува постапката за испраќање словачки полициски службеници на територија на Република Македонија за...

САД и Кина потврдија дека ќе го потпишат договорот за климатските промени од Париз

Соединетите Американски Држави (САД) и Кина издадоа заедничка изјава со која двете земји потврдуваат дека следниот месец ќе го потпишат договорот за климатските примени постигнат на конференцијата во Париз во декември, минатата година. Како што пренесува „Би-би-си“, двете земји се обврзале да преземат мерки, неопходни за приклучување кон договорот што е можно поскоро. Истовремено САД и Кина ги охрабриле...

Полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и на Косово потпишаа меморандум за соработка

Полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и на Косово денеска во Охрид потпишаа меморандум за соработка, со кој се предвидува воспоставување експертска група за справување со нелегалната трговија со оружје во Југоисточна Европа, како и регулирање на начинот за заемна соработка, соопшти МВР. „Во изминативе неколку години, овој регион не е само крстопат за меѓународни канали на нелегална трговија со...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...