fbpx

Жител на Сарај им ја „расипа“ посетата на министрите на ДУИ

-

Жител на општина Сарај, денеска ги обвини министрите и  функционерите од партијата на Али Ахмети, ДУИ, дека барале поткуп и до 5.000 евра за вработување во државна институција, пренесува телевизијата „Шења“.

Реакцијата на жителот на Сарај се случила за време на денешната посета на министрите за образование, Абдилаќим Адеми, за економија, Беким Незири, и на пратеникот и шеф на кабинетот на Ахмети, Артан Груби во Сарај, за да ја промовираат планираната изградба на споменик на плоштад во Сарај.

Но, проблемите со кои се соочуваат граѓаните на оваа општина ја фрлиле во втор план промоцијата.

– Ова чини 70.000 евра и не знам кој го плаќа, а нашите деца немаат тетратки за на училиште. Нема ниту патишта. Четири села поминуваат и одат со кал до колена во училиште. Во нашето училиште нема ниту тетратки ниту ништо, сè плаќаме од наши пари. Тоа го знае градоначалникот, досега имавме 15 барања. Сега пред Нова година имаше вработувања, ниту еден не се вработи, било во водовод, било во комуналец, 170 луѓе, ниту еден вработен. На секој конкурс што се отворил во мојата општина, конкурирале членови на моето семејство од 2002 до денес. Ниту еден не бил вработен, 3.000 евра, 5.000 евра, 2.000 евра, секому му е земено и не сум само јас. Не бираат кој е, што е, си ги гледаат своите интереси. Има едно семејство со 11 луѓе, немаат леб да јадат. Градоначалникот или министерот, кога биле последен пат во Грчец, никогаш – ја пренесува „Шења“ изјавата на Али Јусуф од селото Грчец.

На снимките на телевизијата се гледа како обезбедувањето на министрите и на функционерите на ДУИ се обидуваат насила да го внесат човекот во возило, за да го спречат да не зборува за проблемите со кои се соочуваат жителите на Сарај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...