fbpx

Земјотреси се случиле утрово близу Штип и Струмица

-

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, рано утрово регистрирала два земјотреса, од кои првиот 120 км. југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 км. југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотрес се случи во 4.55 часот, имал Рихтерова локална магнитуда ML2.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван од населението во Струмица и околината.

Вториот земјотрес, меѓу Свети Николе и Штип, се случил во 6.32 часот, имал Рихтерова локална магнитуда ML2.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и е почувствуван од населението во Штип и околината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...