Осмомартовска урбана акција во Струмица

Организацијата на жени од Струмица постави натписи и инсталации низ градот со кои привлекоа внимание за местоположбата на жената во општеството

Фото: Организација на жени од Струмица

Организацијата на жени од Струмица соопшти дека направила „пост-осмомартовска“ урбана акција во за унапредување на правата на жените.

Акцијата, извршена во соработка со Центар за современа уметност од Скопје, вклучува секакви натписи и инсталации.

На пример, на градска чешма ставиле плакат на кој пишува дека „доколку се напиете од оваа волшебна вода, ќе си го просветлите мислењто за борбата за женските права“.

Фото: Организација на жени од Струмица

Друга инсталација вклучува голема „скулптура“ од знакот за женскиот род, кабел за струја и натпис на кој пишува „Кој и зошто ги исклучува жените од процесите на одлучување?“.

Фото: Организација на жени од Струмица

„Пораките имаат за цел да ги поттикнат и локалните власти да преземат мерки за унапредување на родовата еднаквост, преку поголема вклученост на жените, девојките и граѓанските организации кои работат во областа на женските права во процесите на развој на локалните политики и во процесите на одлучување“, велат од организацијата.