Се гради нов дом за сместување ученици во Струмица

Струмица ќе има нов ученички дом за сместување на учениците од соседните општини кои се школуваат во средните училишта

Нов ученички дом во Струмица / Фото: Општина Струмица

Струмица ќе има нов ученички дом за сместување на учениците од соседните општини кои се школуваат во средните училишта.

Ова барање се реализира на барање на граѓаните, бидејќи постоечкиот дом и покрај напорите за негово одржување, не овозможува квалитетни услови за сместување на учениците.

„Очекуваме првата фаза до крајот на јули да биде завршена и ова oпштината, односно граѓаните ќе ги чини 25 милиони денари, а за реализација на целиот проект ќе бидат потребни 100 милиони денари. Како градоначалник ја имам обезбедено динамиката на финансирање”, изјави градоначалникот Костадин Костадинов.