среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Свети Николе | 42 резултати

Продолжен е рокот за понуди на тендерот за депонијата во Свети Николе

февруари 20, 2025

Рокот за достава на понуди на тендерот за избор на компанија која ќе ја гради првата регионална депонија во земјата во селото Мечкуевци кај Свети Николе е продолжен. Наместо до 18 февруари, како што беше првично предвидено, компаниите кои се заинтересирани на тендерот ќе можат да се пријавуваат до 14 март. „Вообичаено е на големи […]

До јуни може да се знае фирмата што ќе ја гради регионалната депонија во Свети Николе

февруари 4, 2025

Договорот со фирмата која ќе треба да ја изгради првата регионална депонија во земјава, во селото Мечкуевци во Свети Николе, може да биде потпишан во првата половина на годинава. Тендерот кој беше објавен во октомври минатата година сѐ уште е во тек и течат роковите за достава на понудите од заинтересираните компании. Според најавите од […]

Мета факт: Не е вистина дека регионалната депонија во Свети Николе ќе биде ѓубриште

декември 16, 2024

Пратеникот од Левица Борислав Крмов, во свое излагање на говорницата во Собранието изјави дека првата регионална депонија за третман на отпад по европски стандарди, што треба да се гради во Свети Николе, всушност ќе биде регионално ѓубриште. Крмов, во својот говор, посветен на решавање на проблемот со депонијата и амбиенталниот воздух во Кочани, тврди дека […]

Одобрен е тендерот за изградба на првата регионална депонија по европски стандарди во Свети Николе

октомври 19, 2024

Одобрен е тендерот за избор на фирма која ќе ја гради првата регионална депонија во земјава што ќе работи по европски стандарди. Станува збор за депонијата во селото Мечкуевци, во Општина Свети Николе, која треба да ги покрие потребите на жителите на Источниот и Североисточниот регион. Според најавите од Министерството за животна средина, крајниот рок […]

Тендерот за депонијата во Свети Николе сè уште се разгледува, нема најави кога ќе се распише

август 6, 2024

Тендерската документација за избор на компанија која ќе треба да ја изгради првата регионална депонија во земјава во селото Мечкуевци, Свети Николе сè уште чека одобрување. Тендерот за овој капитален проект, за кој земјава доби грант средства од Европската Унија, беше најавено дека ќе биде распишан најдоцна во јануари годинава, но сепак, повеќе од половина […]

При гаснење пожар се превртело противпожарно возило, повредени двајца пожарникари

јули 31, 2024

Вчера во 22.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека при гаснење на пожар во с.Орел, светиниколско, се превртело возило на Територијалната противпожарна единица Кавадарци. Двајца пожарникари се здобиле со повреди, информираше МВР. Од Итната медицинска помош им била укажана помош, по што пожарникарите биле пренесени во болницата во Кавадарци.

Гори Источна Македонија, пожарите ја зедоа првата жртва

јули 30, 2024

Пожари вчера попладнето се разгореа во 12 села низ земјава, а огнените стихии ја зедоа и првата жртва. Едно повозрасно лице загина во кумановското село Кокошиње, задушено од чад, во пожарот што го зафати селото. Сопругата на загинатиот е успешно евакуирана, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов попладнето беше […]

Регионална депонија во Свети Николе: Зошто да биде европска кога може да е дива

мај 9, 2024

Шеснаесет нестандардни општински и десетици диви депонии, полни со секаков отпад, без никаква ограда или заштита, расфрлани речиси до секое населено место, во реките, покрај нивите и патиштата или во шумите, се реалната слика за Источниот и Североисточниот регион на Македонија, но и за целата земја. Овие два региони се првите кои имаат шанса да […]

Во Свети Николе нема да се гори ниту медицински, ниту опасен отпад

април 8, 2024

Ниту еден вид на отпад нема да се согорува на регионалната депонија во селото Мечкуевци во Општината Свети Николе. Капацитетот, кој треба да биде првата депонија по европски стандарди изградена во земјава, ќе има само објекти за секундарна селекција на хартија, пластика, стакло, дрво и метал и ќе се врши третман и депонирање на комунален […]

Тендерот за регионалната депонија во Свети Николе чека одобрение од финансии и од ЕУ

февруари 25, 2024

Тендерот за избор на компанија која ќе треба да ја изгради регионалната депонија во Мечкуевци, Свети Николе сè уште не е објавен. Иако беше најавено дека ќе биде распишан најдоцна во јануари годинава, во моментов тендерската документација е на одобрување во Министерството за финансии и Делегација на ЕУ. Од Министерството за животна средина за Мета.мк […]

Пожари и кај Дојран и Демир Хисар

август 5, 2023

Два нови пожари попладнево на територијата на земјата. Силен пожар изби во близина на Дојран кон Николиќ, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од таму велат дека постои опасност од негово брзо ширење поради ветерот. Големиот хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР) со ведро под три тона е испратен на локацијата. Силен […]

Пожар во светиниколско, го гаснат хеликоптери на МВР

август 5, 2023

Пожар на сува трева и ниска вегетација се појавил денеска околу пладне во Кривчева река, во непосредна близина на Свети Николе, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Во негово гаснење учествуваат два хеликоптера на МВР, а постои опасност пожарот да зафати неколку викендички и куќи кои се наоѓаат во близина […]

Земјотреси се случиле утрово близу Штип и Струмица

април 26, 2023

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, рано утрово регистрирала два земјотреса, од кои првиот 120 км. југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 км. југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотрес се случи […]

Министерството за животна средина ги одзема ингеренциите на Општината Свети Николе за регионалната депонија за отпад

април 9, 2023

Министерството за животна средина ги одзема ингеренциите на Општината Свети Николе и градоначалникот Дејан Владев, за управување со јавното претпријатие кое треба да управува со идната регионална депонија и шесте претоварни станици. Одлуката на Министерството следува откако Општината и градоначалникот не ја прифатија предвидената локација на која треба да се изгради регионалната депонија. Живка Михајлова […]

По случајот со морбили кај бебе, ќе се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески

април 4, 2023

Откако беше регистриран случај на морбили кај 13 месечно бебе од Свети Николе, Комисијата за заразни болести донесе препораки кои се однесуваат на прилагодување на системот во однос на следењето и менаџирањето на случаите со морбили. Како што информира денеска д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на комисијата, ќе се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески, […]

Вистиномер: Нема докази дека петмина од Свети Николе починале или се во тешка состојба поради вакцината

септември 27, 2021

Во статистиките на Институтот за јавно здравје за починати од ковид од 1 до 14 септември нема евидентирани лица од Свети Николе на возраст до 45 години. Во овој временски период, на 14 септември поради ковид починал 66 годишен жител на Свети Николе, а на 6 септември 57 годишен човек од истиот град. За последните […]

Светиниколските пациенти се транспортираат со донирани амбулантни возила

март 9, 2021

Сите четири амбулантни возила со кои располага ЈЗУ Здравствен дом „Гаврило Гаврилски“ од Свети Николе се донација. И петтото што се најавува да пристигне ќе биде донација од народот на Јапонија, преку проектот за мали грантови. Од овие четири амбулатни возила, за транспорт може да се смета само на едно, и тоа донација од Јапонија […]

Наставниците направија своја платформа за размена на материјали

септември 17, 2020

На 13 дена пред официјалниот почеток на учебната година, додека се стави во функција платформата за учење на далечина, што ја најави Министерството за образование и наука (МОН), наставниците од Западен Балкан интензивно ја полнат со материјали платформата што сами ја основаа. Станува збор за Балканската наставничка мрежа, која обединува наставници, професори, родители и ученици од […]

Поради вработена со температура, одложен приемот на деца во Клонот 1 на градинката во Свети Николе

септември 9, 2020

Вратите на Клонот 1, на градинката „Рахилка Гонева“ од Свети Николе денеска останаа затворени за најавените 110 деца од превентивни причини. Имено, изминатиот викенд негователка во овој објект на градинката, пројавила симптоми на ковид-19. Вработената деновиве била на работа, во подготовка на градинката за прием на деца. Во согласност со протоколот за работа на градинките […]

Гасификацијата на Свети Николе ќе чини повеќе од 880.000 евра

август 7, 2020

Советот на Општина Свети Николе на последната седница ја усвои Стратегијата за гасификација, со која е предвидена изградба на примарна и секундарна мрежа во општината. Овој документ базиран врз Стратегијата и Физибилити студијата за гасификација на Македонија, предвидува главен приклучок од станицата кај селото Ерџелија и е со два крака, со кој се опфаќаат речиси […]

Страна 1 од 2