fbpx

Во Свети Николе регистрирани нови 29 случаи на ковид-19, затворена најголемата конфекција

-

Од град кој со месеци речиси и да немаше заболени, Свети Николе стана жариште на ковид-19. Нови 29 случаи на ковид–19 се регистрирани денеска во градот, од кои 19 се текстилни работнички од „Мода“, најголемата текстилна компанија во општината, со 830 вработени. Останaтите новозаболени се главно од контакти на веќе заболените лица.

Поради растот на бројот на новозаболени, менаџментот на компанијата, по препорака на Министерството за здравство, одлучи да ги затвори фабричките погони, а за вработените ќе организира скрининг.

Во изминатите денови беше организиран скрининг за 230 вработени во една од смените, каде имаше појава на заболени од ковид-19. Меѓутоа, по порастот на заболени, одлучено е сепак да се тестираат сите 830 вработени. Во меѓувреме, додека да бидат готови резултатите, компанијата нема да работи.

Општинскиот кризен штаб е секојдневно заседава. Постои загриженост поради нецелосното придржување кон препорачаните мерки за заштита.

„И понатаму апелираме до сите граѓани, да се придржуваат на мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата за соодветна заштита од корона вирусот“, соопштија од Кризниот штаб.

Засега заболените од ковид–19 се главно работници од две светиниколски компании и од две компании од Штип, но вирусот почнува да се шири и меѓу нивните контакти и семејствата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...