fbpx

Гасификацијата на Свети Николе ќе чини повеќе од 880.000 евра

-

Советот на Општина Свети Николе на последната седница ја усвои Стратегијата за гасификација, со која е предвидена изградба на примарна и секундарна мрежа во општината. Овој документ базиран врз Стратегијата и Физибилити студијата за гасификација на Македонија, предвидува главен приклучок од станицата кај селото Ерџелија и е со два крака, со кој се опфаќаат речиси сите општински институции и домаќинствата.

Студијата детално го разработува текот на двата крака, преку кои е предвидено приклучување и на други заинтересирани субјекти. Должината на примарната и секундарната мрежа е 13.865 метри.

При образложувањето на документот, градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски кажа дека примарната дистрибутивна мрежа ќе чини 585.000 евра, додека секундарната 298.000 евра, или вкупно 883.000 евра.

„Околу исплатливоста – во првите четири години почнува употреба на мрежата, додека користењето на гасоводот е 20 години, со кумулативен приход за Општината во износ од 1.700.000 евра,“ рече Велковски.

По донесување на Стратегијата, претстои анкетирање на граѓаните околу интересот за приклучување кон гасоводната мрежа. Од исходот на оваа анкета ќе зависи кој ќе ја изгради и ќе ја стопанисува секундарната мрежа, дали тоа ќе биде општината преку јавно претпријатие, или преку јавно-приватно партнерство.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ имаа забелешки за изработувачот на Студијата и се посомневаа на веродостојноста на изнесените податоци.

„Со сета почит кон авторот на Студијата, Владимир Гилев, но тој е технолог по професија. Како да знаеме дека тоа што тоа го предвидел, може и да се оствари,“  праша Оливера Арсов од ВМРО ДПМНЕ.

Советот едногласно ја усвои оваа Стратегија, финански поддржана од Шведската агенција за развој и соработка (СИДА).

Од друга страна пак, Владата веќе одлучи дистрибутивната мрежа да се гради со јавно-приватно партнерство.

Првиот човек на Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи во разговор за „Мета“, неодамна истакна дека општините можат да помогнат ако направат добри и одржливи проекти, бидејќи процесот до добивање на одобрение за градба е сложен и долг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...