fbpx
Таг: совет

таг: совет

Советите на општините Босилово и Василево едногласно против рудниците Иловица – Штука

По потегот на Советот на општина Ново Село кој минатата недела донесе едногласна одлука против отварањето на рудниците во Иловица и Штука, уште две општини од струмичкиот микро-регион донесоа одлуки против отварање на рудниците за бакар и злато. Против отворање на рудниците денеска гласаше и Советот на општина Босилово, после одложената седница која што требаше да се одржи откако Владата ги...

Советот на Босилово повторно не одлучуваше за рудникот „Иловица-Штука“, седницата прекината без образложение

Седница на Советот на Општината Босилово била одложена без образложение за советниците, а две точки поврзани со отворање рудници во овој крај повторно не се најдоа на дневен ред. Екологистите велат дека претседателот на Советот, Мито Андонов самиот одлучил воопшто да не ја започне седницата, а на советниците им ја заклучил и вратата од зградата. Ова е прва седница...

ВМРО-ДПМНЕ остана без советничката Ирена Попова во Советот на град Скопје

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова од денеска не е дел од советничката група на оваа партија во Советот на Град Скопје. Попова од говорницата на градскиот совет кажа дека од денеска дејствува како независна. Ваквата нејзина изјава беше поздравена со аплауз од градоначалничката Данела Арсовска. „Не се плашам и ќе продолжам да работам за она што го ветив на граѓаните во...

Судскиот совет поради нестручно работење ја разреши судијката Татјана Михајлова

Судскиот совет на денешната седница ја разреши поранешната в.д. претседателка на Основниот кривичен суд и актуелна судијка Татјана Михајлова поради нестручно и несовесно работење. Поради тајноста на постапката, претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, изјави дека е разрешена поради кршење на Судскиот деловник во врска со системот за автоматска распределба на судските предмети (АКМИС). Постапката траела година и пол, зашто таа...

Гасификацијата на Свети Николе ќе чини повеќе од 880.000 евра

Советот на Општина Свети Николе на последната седница ја усвои Стратегијата за гасификација, со која е предвидена изградба на примарна и секундарна мрежа во општината. Овој документ базиран врз Стратегијата и Физибилити студијата за гасификација на Македонија, предвидува главен приклучок од станицата кај селото Ерџелија и е со два крака, со кој се опфаќаат речиси сите општински институции и...

Конституиран Советот за координација и следење на Отвореното владино партнерство

Преку видео-седница беше конституиран Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство (ОВП на Република Северна Македонија) и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020. На он-лајн средбата учествуваа 36 претставници од институциите, граѓанските организации, меѓународните организации, меѓу кои членовите на Советот. Отворено владино партнерство е доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на...

Јана Белчева Андреевска: Граѓаните не смеат да се помират со газењето на нивната волја

Својата оставка на позицијата претседавач на Советот на Општина Центар, Јана Белчева - Андреевска, вчера ја образложи со тоа дека не сака да биде дел од мнозинството во Општина Центар кое не е подготвено за прогрес и транспарентност, а дозволува назадни, ризични, конзервативни и нетранспарентни процеси. Неодамна се случи градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и мнозинството во Советот, на...

Министрите за одбрана на НАТО на состанок за справување со КОВИД-19, но и со дезинформациите за пандемијата

Што уште може НАТО да превземе за да се справи со КОВИД-19, но и што уште да превземе против дезинформациите за пандемијата се теми во фокусот на денешиот, вонреден, состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, што попладнево ќе се одржи преку безбедна телеконференциска врска. НАТО пред две недели го овласти врховниот сојузнички командант да ги...

Владата реализирала само 10 проценти од барањата на странските инвеститори, 60 отсто се во процедура

Владата и другите државни органи реализирале околу 10 проценти од барањата на странските инвеститори објавени во „Белата книга“, а околу 60 проценти се во процедура, рече денеска вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска на средбата со Советот на странски инвеститори. „Голем дел од барањата и предлозите се поврзани со законска регулатива што е дел од трудовото законодавство, здравје и безбедност...

Советот на министри не донесе одлука за датум, топката се префрла на премиерите

Советот на министри за општи работи на ЕУ заврши без заклучок за започнување преговори со Албанија и Македонија, па одлуката се префрла кај шефовите на држави или влади кои ќе се сретнат в четврток и петок во Брисел. Пропаднаа обидите на финското претседателство да постигне компромис помеѓу земјите членки со тоа што во преговарачкиот процес ќе ги одвои Македонија и...

Советот на јавни обвинители едногласно ја разреши обвинителката Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашнава вонредна седница ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. За нејзино разрешување гласаа сите осум пристуни членови на Советот. - Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно одлучи да ја разреши од функцијата специјален јавен обвинител Катица Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење - изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо...

Прилепските земјоделци треба да бидат обесштетени со 80 милиони денари

На прилепските земјоделци од селата Канатларци и Тополчани и околните населени места, треба да им бидат исплатени околу 80 милиони денари, отштета поради уништените посеви во невремето што ги зафати атарите на двете села на 24 јуни и 4 јули годинава. Прилепските советници на денешната 30. седница на Советот на Општина Прилеп, ги прифатија извештаите од увидните екипи на терен...

Општина Охрид: Инцидентот помеѓу советниците e изолиран случај и нема да се повтори

Во врска со инцидентот на вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, на кој поради физичко насилство беше прекината седницата, денеска локалната самоуправа го осуди инцидентот помеѓу советниците и смета дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните. „Советници се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставничи орган кој треба и мора да работи во интерес на  граѓаните и...

Поради тепачка помеѓу двајца советници, прекината седницата на Советот на Општина Охрид

Поради тепачка помеѓу двајца советници, 28. седница на Советот на Општина Охрид беше прекината. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот и информираат дека лицето Џемаил Мена советник од редовите на БЕСА, телефонски пријавило дека во просториите на Општина Охрид, физички бил нападнат од лицето Нефи Усеини од ДУИ и двајцата од Охрид. Во соопштението се вели дека се преземаат мерки за...

Советот на Општина Свети Николе ќе одлучува за распишување на референдум за депонијата

Да се стопира изградбата на регионалната депонија на територијата на Општината Свети Николе, бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ. До Советот на Општината Свети Николе, советничката група на ВМРO-ДПМНЕ достави иницијатива за распишување на референдум, кој би се одржал заедно со претседателските избори на 1 април. Преку овој референдум, граѓаните на Општина Свети Николе треба да се изјаснат дали се за или...

Странските инвеститори бараат политичка стабилност и не чести промени на законите

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија денеска го промовираште второто издание на „Бела книга 2018“, публикација во која се содржани препораки до македонската Влада како да се подобри деловната клима во државата. Странските инвеститори бараат политичка стабилност, предвидлива деловна клима, инвестиции во инфраструктурата и дигитализацијата, реформи во јавната администрација за нејзина поголема транспарентност и ефикасност и не...

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево остана без уште еден советник

Советникот од ГРОМ, Вице Стоиловски, дел од локалната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Советот на Општината Делчево, соопшти дека ја напушта коалицијата. Стоиловски поднесе и изјава до претседателот на делчевскиот Совет, Драган Маневски, во која наведува дека во иднина во Советот ќе делува како независен советник. Стоиловски е втор советник од делчевскиот Совет кој ја напушта опозициската коалиција...

Град Скопје ја подобрува транспарентноста, во живо ќе ги пренесува седниците од Советот

На наредната седница, која што ќе се одржи во четврток, Советот на Град Скопје ќе одлучува за набавка на техничка опрема за видео пренос на седниците на Советот на Град Скопје во живо. „Со ова ќе започне процесот на создавање услови за пренесување на седниците на Советот на Град Скопје во живо, активност која има за цел да ја зголеми...

Најчевска поднесе оставка од Советот за реформа на правосудниот сектор

Професорката Мирјана Најчевска поднесе оставка од членувањето во Советот за реформа на правосудниот сектор, а за тоа ги информирала министерот за правда и членовите на Советот. „Изминатиот период јасно покажа дека ова тело е формирано само како параван за решенија кои се носат на друго место и служи за создавање лажна слика дека некаков експертски тим има влијание врз реформските процеси...

Јана Белчева-Андреевска е новата претседателка на Советот на Оштина Центар

Советот на Општина Центар со 15 гласа „за“ од СДСМ и со 6 „воздржани“ од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ја избра Јана Белчева-Андреевска да биде нова претседателка на Советот. Белчева-Андреевска беше носителка на советничката листа на СДСМ, како независен кандидат и претставник на граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“. „Платформата која води кон поквалитетен живот и која дава план како да...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....