fbpx

Владата реализирала само 10 проценти од барањата на странските инвеститори, 60 отсто се во процедура

-

Владата и другите државни органи реализирале околу 10 проценти од барањата на странските инвеститори објавени во „Белата книга“, а околу 60 проценти се во процедура, рече денеска вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска на средбата со Советот на странски инвеститори.

„Голем дел од барањата и предлозите се поврзани со законска регулатива што е дел од трудовото законодавство, здравје и безбедност на работа и новиот Закон за работни односи, којшто го создававме заедно со стопанските комори и голем дел од барањата во „Белата книга“, веќе се имплементирани во новото законско решение. Очекуваме по составот на новата Влада, Законот за работни односи да биде ставен во Парламентот на усвојување“, додаде Царовска.

Претседателот на Советот на странски инвеститори и генерален директор на ЕВН, Штефан Петер, апелираше до неговите колеги, претставници на домашни и странски компании, да не чекаат со носењето одлуки, да не чекаат да завршат изборите, туку да дејствуваат сега.

„Бизнисот мора да функционира и да се развива“, потенцираше Петер.

Одговорајќи на новинарско прашање, претседателот на Советот на странски инвеститори рече дека два главни предизвици кои стојат пред Владата и компаниите во наредниот период се царинските давачки и миграцијата на работната сила во други земји. Надминувањето на овие два предизвици, според Петер, се можни само доколку постои тесна соработка помеѓу Владата, државните органи и бизнисот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...