fbpx

Реџепи: Можно е кратко пролонгирање на роковите за изградбата на гасоводот

-

Припојувањето на „ГА-МА“ кон Македонски енергетски ресурси (МЕР), откако Владата ќе стане целосен сопственик на оваа компанијата за пренос на природен гас, за гасификацијата ќе значи забрзување на процесот, единствена и поевтина тарифа, ефикасност и ефективност, вели за „Мета“ првиот човек на МЕР, Бајрам Реџепи.

Сепак, според него, тоа е потребен, но недоволен услов за гасот да стигне до домаќинствата и индустријата.

„За евтиниот гас да стигне до секое семејство треба да се создадат неколку предуслови, да имаме диверсификација на изворите за снабдување, брза и ефикасна изградба на дистрибутивната мрежа, субвенционирање на внатрешните инсталации и неколку други предуслови. Основајќи се на студијата за изградбата и развојот на дистрибутивната мрежа и гледајќи ги најдобрите европски пракси, Владата веќе одлучи дистрибутивната мрежа да се гради со јавно-приватно партнерство. Но општините секако дека можат да помогнат ако направат добри и одржливи проекти, посебно кога знаеме дека процесот до добивање на одобрение за градба е сложен и долг“, вели Реџепи.

Тој оценува дека има исклучително добар напредок во изградба на преносниот гасоводен систем, но сепак ќе има кратко пролонгирање на роковите.

„Многу доцна е почната постапката за решавање на имотно правните односи. Ова можеби ќе биде главна причина за кратко пролонгирање на роковите. Но, тоа ќе го процениме кон крајот на годинава“, додава Реџепи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...