fbpx

Државата со 32 милиони евра сака целосно да ја преземе контролата врз гасводот „ГА-МА“

-

Државата сака да стане целосен сопственик на компанијата за пренос на природен гас „ГА-МА“, во кој засега има една акција, и една акција поседува „Макпетрол“, со кој имаат долгогодишен судски спор.

Премиерот Зоран Заев информираше дека постапката на договарање со „Макпетрол“ се уште трае, но правно постапките во Државно правобранителство биле завршени, и се прават проценки со судско вештачење.

„Вредноста на „Гама“ и колку се инвестирало е јасно утврдено со законско решение. Случајот сметам дека можеме да го решиме на крајот на годината и затоа во ребалансот утврдивме 1 милијарда и 900 милиони денари (околу 32 милиони евра) за исплата“, рече Заев и додаде дека на тој начин државата ќе стане 100 отсто сопственик на целиот гасоводен систем.

„Македонски енергетски ресурси (МЕР) и „ГА-МА“ ќе ги споиме и автоматски ги решаваме крупните прашања кои ни се обврска според Европската енергетска заедница, а и согласно Законот за енергетика донесен во мај 2018 година. Со едно такво решение, националниот оператор, преносувач, дистрибутер МЕР ќе може конечно да стане единствен сопственик и да го добие лиценците кои веќе ги има „ГА-МА“ или да аплицира за свои. На тој начин ќе може да пушти гас до тоа што е изградено Штип, Велес, Прилеп. И втората важна работа, ќе се овозможи да го продолжиме проектот со интерконекторот со Грција. Не може некој да биде ем снабдувач, ем дистрибутер“, додаде Заев.

„Макпетрол“ и државата водат спор за тоа кој има поголем удел во гасоводот, повеќе од 12 години. Но пред неколку месеци, компанијата побара вонсудско решавање на деценискиот спор, а предлог-спогодбата државата ја имаше доставено до Државното правобранителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...