петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: физибилити студија | 19 резултати

Бочварски: Предвидена е изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово

јануари 29, 2021

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека годинава ќе се започне со постапка за изработка на физибилити студија за изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово. При денешната посета на Тетово, тој заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи остварија средба со градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи, […]

Физибилити студија ќе одлучи дали ТЕЦ „Неготино“ ќе се продава или ќе оди под јавно-приватно партнерство

декември 24, 2020

На повидок е решавање на идната позиција на ТЕЦ „Неготино“ на енергетскиот пазар во земјава. На Електронскиот систем за јавни набавки вчера беше објавен јавниот повик кој ќе трае до 22 јануари следната година, до кога треба да се достават понудите од заинтересирани компании за изработка на физибилити студија за оправданоста за доделување на договор […]

Гасификацијата на Свети Николе ќе чини повеќе од 880.000 евра

август 7, 2020

Советот на Општина Свети Николе на последната седница ја усвои Стратегијата за гасификација, со која е предвидена изградба на примарна и секундарна мрежа во општината. Овој документ базиран врз Стратегијата и Физибилити студијата за гасификација на Македонија, предвидува главен приклучок од станицата кај селото Ерџелија и е со два крака, со кој се опфаќаат речиси […]

Попова Шапка: Потребни беа четири месеци готовите анализи од ЕЛЕМ да стигнат до Владата

јануари 30, 2020

Четири месеци, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и владата играа „пинг – понг“ со „Порталб.мк“ за длабинската анализа (Due Diligence) и физибилити студијата за Попова Шапка, при што едните изјавуваа дека ги доставиле анализите, а другите постојано го негираа тоа. Вчера, конечно, од владата ни потврдија дека анализите стигнале до нив на крајот од декември […]

„ЕЛЕМ“ и Владата се мајтапат со јавноста: Каде се анализите за Попова Шапка?

декември 26, 2019

Во период од четири месеци, колку што ЕЛЕМ ја поседува анализата „Due Diligence”  за физибилити студијата за Попова Шапка, трипати изјавија за „Порталб.мк“ дека истите се „доставени во Влада“. Од друга страна, Владата повеќе пати демантираше дека такви студии им биле доставени. Денес пак, од „ЕЛЕМ“ истакнаа дека немаат информација дали овие анализи се доставени […]

Новинарите не ги пуштија на презентацијата на студијата за Попова Шапка

ноември 11, 2019

Во отсуство на новинари и со само двајца претставници на граѓанското општество се одржа првата презентација на Физибилити студијата за ски-центарот Попова Шапка. На новинарите не им беше дозволено да влезат на презентацијата во хотелот „Славија“ на Попова Шапка оти „тоа било против правилата на компанијата PWC“, како што кажал министерот за економија, Крешник Бектеши, […]

Филипче: Не сакаме да брзаме со физибилити-студијата за Итна помош

јули 31, 2019

Група експерти ќе ја анализира физибилити-студија за јавно-приватно партнерство за Итната медицинска помош во земјава, и допрва ќе се гледа што таа содржи и засега нема да се брза со реализацијата на оваа идеја, изјави министерот за здравство Венко Филипче, пренесува Порталб.мк. -Ќе направиме работна група, која треба да ја анализира физибилити студијата за јавно-приватно […]

До крајот на месецов тендер за компанијата што ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка

март 4, 2019

Тендерот за компанија што ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка, треба да се отвори во текот на месецот, изјавија од  „ЕЛЕМ турс“. По завршувањето на анализата, се очекува да се донесе одлука за тоа, што ќе се случи понатаму со управувањето со овој скијачки центар, известува „Порталб.мк“. „Анализата е во почетна фаза и дека подготовката […]

Заев: Физибилити студија треба да даде одговор како правилно да се развива Попова Шапка

февруари 13, 2019

Премиерот Зоран Заев на средбата со претставници на граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“, разговарале за правилно искористување на природниот ресурс Попова Шапка и биле изнесени конкретни предлози за надминување на досегашни недоследности и иницирање на активности за  негово одржливо и хумано управување, соопштуваат од Влада. На средбата, покрај претставниците на Иницијативата, спортски работници, […]

Во Кавадарци се изработува физибилити студија за гасификација на градот

јануари 22, 2019

Во Кавадарци се предвидува изградба на 22-километарска гасоводна линија, за што е потребна изработка на физибилити студија која треба да биде готова за неколку месеци. Откако ќе се изработат идејниот и основниот проект, кој треба да помине на Советот на општинат, ќе следи формирање на јавно претпријатие за гасификација, најави градоначалникот Митко Јанчев. На поврзувањето […]

Лекарската комора без став за моделот на приватизација на Итната помош

декември 17, 2018

Една од најстарите организации и претставник на лекарската фела во Македонија, Лекарската комора нема став за тоа дали е подобро да се приватизира Итната медицински помош, пренесува „Порталб.мк“. „Прво не знаеме дали ќе се приватизира, затоа и немаме став за ова прашање. Треба да видиме кој ќе ја изврши физибилити студијата, затоа и не се знае дали […]

Триесетина компании понудиле решенија за изградба на ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“

април 22, 2017

По неколку неуспешни обиди да се најде концесионер за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“, генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, верува дека овојпат се блиску до решение, бидејќи биле сменети условите и пристапот во распишувањето на тендерот. Имено, на сите потенцијални концесионери им била дадена слобода самите да предложат технички решенија за изградба. Како што […]

Активисти ќе презентираат студија за штетноста на предложениот ДУП за Карпош 4

февруари 7, 2017

Граѓанската иницијатива „Ние сме Карпош 4“ од 18 часот вечерва во Кинотеката на Македонија ќе презентира студија за предложениот детален урбанистички план за градска четврт 3 02 – Карпош 4 – Општина Карпош – Скопје. Од иницијативата алармираат дека со нацрт-планот е предвидено градење кое многу ќе го влоши квалитетот на живот во оваа населба. Студијата за […]

СДСМ: Кој украде 53 милиони долари на гасоводот?

септември 12, 2016

„Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, е добредојден во Струмица и во Куманово лично да се увери и да ги види единствените изградени дистрибутивни системи за природен гас во Македонија. Студијата за оправданоста на изградбата на делницата Клечовце – Штип предвидува дека изградбата ќе чини 24 милиони долари, а потрошени се вртоглави 77 милиони […]

СДСМ: Провизии од 44 милиони евра во енергетскиот сектор

март 23, 2016

Регулаторната комисија за енергетика, чиј претседател е од редовите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кратово, трет ден молчи за чии интереси дозволува увоз на струја поскапа за неверојатни 41,7 проценти, кога цената на регионалните берзи е падната за 20 евра за еден мегават-час, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се вели дека додека […]

Страна 1 од 1