Курти и Заев го потпишаа, Порталб.мк го објавува Меморандумот за изградба на патот Тетово-Призрен

-

Премиерите на Северна Македонија и Косово, Зоран Заев и Албин Курти, на 17 септември годинава, потпишаа „Меморандум за разбирање“ во врска со патот Тетово – Призрен, којшто се ветува веќе десет години. Порталб.мк го обезбеди оригиналниот документ од меморандумот, кој содржи 6 члена.

Според Меморандумот, ветено е дека страните ќе соработуваат меѓусебно за физибилити студијата за овој проект и дека ќе формираат заеднички комисии меѓу двете земји кои ќе извлечат заклучоци и препораки од истата.

Меѓутоа, во меморандумот не се предвидени рокови до кога ќе се спроведат активностите.

• Член 1

Страните во овој член се согласуваат да ја дефинираат општата област на соработка и дека главната област на оваа соработка е физибилити студијата за патот Призрен – Тетово.

„Меморандумот за соработка има за цел да ја дефинира општата област на соработка помеѓу страните во врска со физибилити студијата за патот Призрен-Тетово во областа на патната инфраструктура и да ги утврди главните принципи на соработката. Страните ќе работат тесно за спроведување на Меморандумот за разбирање. Главната област на соработка помеѓу страните ќе биде физибилити студија за патот Призрен – Тетово, за што страните имаат заеднички интерес“, се наведува во член 1.

• Член 2

Се однесува на страните во меморандумот и тука се напишани само имињата на владите, односно Северна Македонија и Косово.

• Член 3

Во овој член се нагласени целите на меморандумот, односно интересот за подобрување на патната инфраструктура.

„Страните се согласуваат да промовираат заеднички акции и да ја продолжат соработката во областа на инфраструктурата во интерес на подобрување на патната инфраструктура, преку следната активност со цел поврзување на двете земји и воспоставување гранична точка, по можност заедничка (едношалтерски систем) врз основа на физибилити студијата за патот Призрен – Тетово “, се наведува во член 3.

• Член 4

Тука се најавува формирање на комисии, кои ќе ја оценат физибилити студијата.

„Страните се согласија да формираат Заеднички комисии меѓу двете земји за да ја оценат физибилити студијата и да извлечат конечни заклучоци и препораки во врска со предметниот проект“, се наведува во член 4.

• Член 5

Страните се согласуваат дека ќе соработуваат меѓусебно, но рокови не се утврдени.

„Активностите предвидени со овој Меморандум за разбирање ќе бидат во согласност со законодавството што важи во двете земји“, се наведува во член 5.

• Член 6

Овој член е во врска со стапување на Меморандумот во сила.

„Овој Меморандум влегува во сила откако ќе биде потпишан од претставниците на соодветните страни, како што е дефинирано во член 2 (владите на Северна Македонија и Косово)“, се наведува во член 6.

Ветениот пат Тетово – Призрен

Инаку, Меморандумот за разбирање е еден вид договор помеѓу две или повеќе страни, врз основа на меѓусебна волја, што укажува дека тие имаат за цел заедничка линија на дејствување. Често се користи кога страните не подразбираат правна обврска или кога не можат да склучат извршни договори законски.

Нема детали за временскиот период во кој може да започне изградбата на овој пат од голема економска важност, за тоа кога ќе биде завршен, или колку ќе чини.

Граѓаните од Тетово до Призрен денес патуваат 162 километри, додека од Тетово до Тирана мора да поминат 380 километри, додека со ветениот пат ова може да се скрати на 190 километри.

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде разрешен релативно...

Најновиот пач во World of Warcraft имплементира Need For Speed моменти

Најновиот пач за World of Warcraft The War Within, од новата втора сезона доаѓа со PvP и Mythic+ Dungeons, како и нов Raid - но најбитната каратеристика на овој додаток е...

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за крај на војната во Украина, соопштија американски претставници по средбата

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за ставање крај на војната во Украина, соопшти американскиот Стејт департмент, по разговорите на високо ниво во Саудиска Арабија со претставници на Русија. Како...

Студентите го демантираат демантот на Националната опера и балет

Националната опера и балет (НОБ) со официјален демант се обидува да ги неутрализира негативните ефекти од веста дека студентите биле спречени да користат попусти при купување билети за тамошните претстави, иако...

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде...