fbpx

Заев: Физибилити студија треба да даде одговор како правилно да се развива Попова Шапка

-

Премиерот Зоран Заев на средбата со претставници на граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“, разговарале за правилно искористување на природниот ресурс Попова Шапка и биле изнесени конкретни предлози за надминување на досегашни недоследности и иницирање на активности за  негово одржливо и хумано управување, соопштуваат од Влада.

На средбата, покрај претставниците на Иницијативата, спортски работници, поранешни и активни скијачи и ентузијасти, предводени од Хамди Сулемани, присуствуваа и министерот за економија Крешник Бектеши, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и Џемаил Јусуфи, управител на  „ЕЛЕМ турс“, компанија-ќерка на „ЕЛЕМ“, која управува со туристичкиот центар Попова Шапка.

„Премиерот Заев и неговите соработници, одговарајќи на конкретни барања на претставниците на Граѓанската иницијатива во врска со одземање на управувањето на „ЕЛЕМ“ со скијачкиот центар, како и стопирање на донесувањето на Урбанистичкиот план за викенд населбата на Попова Шапка и подготовка за концесионирање на скијачко-рекреативниот центар, информираше дека веќе е во тек изработка на физибилити студија, која ќе даде одговор на прашањата како правилно да се искористат скијачките капацитети без да се наруши природната убавина на овој дел од Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од Влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...