fbpx

Попова Шапка: Потребни беа четири месеци готовите анализи од ЕЛЕМ да стигнат до Владата

-

Четири месеци, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и владата играа „пинг – понг“ со „Порталб.мк“ за длабинската анализа (Due Diligence) и физибилити студијата за Попова Шапка, при што едните изјавуваа дека ги доставиле анализите, а другите постојано го негираа тоа. Вчера, конечно, од владата ни потврдија дека анализите стигнале до нив на крајот од декември и дека се очекува да се најдат на владина седница, најдоцна за еден месец, пред изборите на 12 април, пишува „Порталб.мк“.

Од септември минатата година, компанијата „ЕСМ“ ги имала анализите за Попова Шапка, изработена од компанијата „PwC“. Неколку месеци истите се наоѓале во фиоките на „ЕСМ“ бидејќи не биле доставени до владата, без да има некое оправдување за тоа.

– Анализата “Due Diligence” и физибилити студијата за „Попова Шапка“ ги добивме на 29 декември минатата година, во моментов истите се во владина постапка и ќе ве известиме кога ќе влезат во владина седница – рекоа од владата.

Анализата треба да го помине филтерот на Владиниот колегиум во кој учествуваат секретарите на сите министерства и потоа на Комисијата за економски систем во кој членуваат речиси сите министри. Потоа, ќе оди на седница на владата.

Анализата „Due Diligence” опфаќа детална анализа на финансиската, правната и даночната состојба на подружницата „Попова Шапка“ – Тетово за претходните три години (2016 – 2018) и хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“. А пак физибилити студијата е студија за концесија и јавно – приватно партнерство на подружницата „Попова Шапка“ – Тетово. Врз основа на физибилити студијата, ќе се донесе одлука дали Попова Шапка ќе биде доделена со концесија или јавно – приватно партнерство.

Инаку, уште од 2012 година до денес се дискутира за многуте, меѓутоа постојано исти проблеми со кои „Попова Шапка“се соочува. Во минатото, таа беше скијачки центар познат во регионот и пошироко. Имаше инвестиции во инфраструктурата, имаше скијачки натпревари со учесници од целиот свет и беше омилена дестинација за многу планинари и скијачи. Денес, е останата само огромната желба на туристите – скијачи да го видат овој центар развиен како што бил некогаш.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...