fbpx

Светиниколчани заборавени – остануваат по месец и пол во изолација

-

Во двете општини Свети Николе и Лозово активни се 181 случај на ковид-19, иако значаен дел од нив се повеќе од еден месец во изолација, во исчекување некој да ги тестира и потврди дека повеќе не се позитивни. Брисевите ги земаат вработени во Центарот за јавно здравје во Велес, кои за потребите на жителите на овие две општини, треба физички да дојдат во Свети Николе и Лозово.

Поради тоа што изолираните лица се со решение и не смеат да се движат, а екипата на велешкиот Центар за јавно здравје одвај стигнува да ги заврши обврските во Велес, Кризниот штаб на Свети Николе побара и доби дозвола да биде отворен пункт во Новиот здравствен дом, каде на пациентите од Свети Николе и Лозово ќе им се зема брис. Барањето од петокот е одобрено од владата и деновиве се очекува отворање на пунктот.

– Ниту имаме санитетско возило, ниту имаме персонал, кој може да зема брисеви, поради што побаравме од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести да биде отворен пункт. Со отворањето на пунктот очекуваме бројот на активни случаи во општината значајно да падне, а и граѓаните, кои повеќе не се позитивни, да се вратат на своите редовни обврски – изјави градоначалникот Сашо Велковски.

Идентично е и со лицата кои се во изолација поради контактите со некој од заболените. Според информациите на Општинскиот кризен штаб, станува збор за 82 лица, од кои по завршувањето на тој период од 14 дена, ќе останат само осум лица.

Светиниколскиот кризен штаб побара и санитетско возило, кои ќе послужи за транспорт на граѓаните кои треба да бидат однесени на пунктот за земање на контролни брисеви.

Бројката на активни случаи, сметаат од Штабот, би била далеку пониска, бидејќи практично, тоа се оздравени лица, но сè уште се водат како позитивни поради застој во земањето на контролните брисеви.

Свети Николе е една од општните, чии граѓани реагираа на бавноста во процесот на земање брисеви и објавувањето на резултатите. На тоа забележаа и од Кризниот штаб, особено при објавување на резултатите. Од таму сметаат дека бројот на инфицирани можеше да биде помал, доколку не се чекаше по 4-5 дена, а луѓето навремено се ставаа во изолација. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...