fbpx

Завршна консултација за нацрт Стратегијата за правата на лицата со попреченост

„Јас лично ќе се залагам за повеќе буџет за да се имплементира стратегијата, нашата цел не е само успешен процес на подготовка туку и успешна имплементација“, рече министерката Тренчевска

-

Денеска во организација на Националното координативно тело за имплементација на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост и Министерството за труд и социјална политика се одржа завршната консултација за нацрт Стратегијата за правата на лицата со попреченост 2023-2030.

На завршната консултација се обратија министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, директорот на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) Давид Оберхубер, и постојаната координаторка на ОН во Северна Македонија, Росана Дузак.

„Националната стратегија за правата на лицата со попреченост за периодот 2023-2030 година е стратешки документ чијашто подготовка се базира на принципот „Ништо за нас без нас“, со целосна вклученост на лицата со попреченост и сите заинтересирани страни преку широки јавни расправи и работилници. Истата опфаќа девет приоритетни области: Пристапност, Еднаквост, Пристап до правда и активно учество во јавниот и политичкиот живот, Пристап до здравствена заштита, Детска, социјална заштита и независно живеење, Право на образование, Вработување и право на работа, Локални инклузивни заедници, Јавна свест и Култура, спорт и рекреација. Мерките во документот се темелат на принципите и препораките од Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост“, истакна претседавачот на Националното координативно тело, Спасе Додевски.

Министерката Тренчевска рече дека во креирањето на стратегијата се вклучиле голем број на здруженија и претставници на меѓународните организации и агенциите на ООН.

„Јас лично ќе се залагам за повеќе буџет за да се имплементира стратегијата, нашата цел не е само успешен процес на подготовка туку и успешна имплементација“, истакна Тренчевска.

Директорот на ГИЗ Давид Оберхубер рече оти одговорноста за спроведување на стратегијата не паѓа само на Владата, туку и на развојните агенции.

„Мора да работиме заедно со Делегацијата на ЕУ, Швајцарската агенција за развој и соработка, агенциите на Обединетите Нации и сите други засегнати страни за креирање на мерки на сите полиња на проектот. Со тоа ќе придонесеме конкретно за целосна имплементација на оваа стратегија до 2030 година“, рече Оберхубер.

Постојаната координаторка на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџак рече оти првичните консултации и фокус-групи со организации на лица со попреченост, други граѓански организации и владини претставници придонеле за подобро разбирање на факторите кои влијаат на спроведувањето на стратегијата и на предусловите за вклучување на лицата со попреченост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Јавното обвинителство испитува случаи за изборен поткуп

Едно лице добило итен предлог за притвор заради поседување оружје и муниција, а за друго се води постапка за изборен поткуп, информираше денеска јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на...