fbpx

Заев: Во интерес на земјата е да има една изборна единица

-

Прашањата поврзани со изборното законодавство, обврските за реализација на договорот од 2 јуни и од 15 јули за разврска на политичката криза и очекувањата од работата на Специјалното обвинителство, биле тема на разговор на денешната средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со амбасадорот на Кралството Холандија во Скопје, Ваутер Пломп, соопштуваат од СДСМ.

На средбата, како што инфромираат од СДСМ, била изразено очекување дека поставениот рок до 6 октомври, за затворање на прашањата со изборното законодавство и кредибилен избирачки список, ќе се испочитува и дека нема да се чекаат последните рокови.

Заев, на средбата го повторил ставот и заложбата на СДСМ за една изборна единица, што, како што нагласил, „не е во интерес на големите партии, но е во интерес на земјата“.

„Исправени сме пред авторитарен режим. Од тие причини, СДСМ првпат презема чекор што не е во корист на големите политички партии, но е во интерес на земјата, а тоа е заложбата за една изборна едниница“, рекол Заев, додавајќи дека „на тој начин ќе се надмине неправедното вреднување на гласот на граѓаните што живеат во Македонија и во странство, со тоа што сите гласови ќе се бројат во државава, а не како досега, за избор на пратеник во Македонија да се потребни до 8.000 гласови, а за пратеник од дијаспората и по 400 гласови“.

Во врска со работата на Специјалното обвинителство, било нагласено дека се очекува низ независни процедури да се затвори скандалот со прислушувањето и делата што произлегуваат од него.

Амбасадорот Пломп истакнал дека Холандија и Брисел одблиску ги следат случувањата во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...