fbpx

Трибина за работата на парламентот: Пратениците немаат интегритет

-

Пратениците немаат интегритет, носат одлуки како што ќе им наложи нивната партија. Дебатата во парламентот не постои, аргументите за одредени прашања на народните избраници веднаш се отфрлаат како неоправдани од нивните политички опоненти или вооопшто не се земаат предвид. Ова се заклучоците од анализата на работата на парламентот, реализирана од Институтот за демократија, како дел од проектот „Собранието под лупа“.

– Пратениците од иста опција застапуваат еден идентичен став, што не е добро за парламентарната демократија. Тие не се осврнуваат на другите говорници. За иста тема, секој пратеник, во зависност од политичката опција, си дава свое образложение, без притоа да има вкрстување на аргументи за да се отвори дискусија, односно дебата – изјави Јани Димески од Институт за демократија.

Пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев, вели дека причината за немање парламентарна демократија е во пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, кои одбиваат да дебатираат. Нивната улога е само да гласаат за законите за кои ќе им наложи власта. Интересите на граѓаните од кои се избрани, не ги интересира.

– Доказ дека пратенците од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ не сакаат дебата, е нивното неприсуство на денешната трибина, каде се изнесоа заклучоците од проектот „Собранието под лупа“. За нив спротиставените мислења претставуваат опасност, иако целта на секоја дебата е фактите и вистината да излезат на површина. Овие пратеници веќе не ги застапуваат интересите на граѓаните, туку интерестите на Владата, која ја контролира нивната работа, а треба токму обратно, пратениците да бидат коректив на власта – рече Тунтев.

Новинарот Арбен Зеќири, кој долги години известува од Собранието, на денешната трибина изјави дека интегритетот на пратеникот е нарушен.

– Тој не може да дејствува индивидуално и во неговата работа, но и кон медиумите. Само неколку пратеници даваат изјави за медиумите, останатите ги избегнуваат, најверојатно под директива на партијата – додава Зеќири.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...