fbpx

Заев уверен дека Македонија следната недела ќе ја добие новата влада

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со лидерот на БЕСА, Биљал Касами во Собранието на Република Македонија, изјави дека сè уште не се целосно доближени ставовите на сите партии и дека преговорите со сите потенцијални партнери во владата продолжуваат и утре. Кажа оти уште не е сигурен дали ќе има договор за влада со четири учесници – СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијанса за Албанците. Објасни дека денеска, освен со БЕСА, се сретнал и со лидерите на ДУИ и на Алијансата за Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села.

-Напредуваме во дел од разговорите, но сè уште не можам да кажам дали ќе има договор за Влада со четири партиципиенти, нашата коалиција предводена од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците. Следната средба е утре, ако Конгресот на СДСМ заврши во посоодветно време, ако не продолжуваме во недела сабајле, но дадовме една задача до крајот на оваа недела, а тоа е недела, да се обидеме навистина да ги завршиме разговорите, оти постоиме за граѓаните. Граѓаните очекуваат да тргне реформскиот процес и верувам дека и времето што притиска врз сите нас, ќе не направи поодлучни во пресекувањето на одлуките и во делот на суштествените работи и во делот на вкупниот број на  ресори во идниот владин кабинет. Јас сум оптимист и продолжувам да бидам оптимист и секоја нова информација што ќе ја имаме, веднаш преку вас медиумите ќе ја споделиме до граѓаните – рече Заев.

Тој очекува преговорите да траат до недела.

-Редно е во недела да привршуваме со оваа работа – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Претседателот на СДСМ не кажа зошто преговорите со БЕСА се одвиваат подолго, но рече оти е сигурен дека наредната недела ќе има нова влада.

-Јас сум подготвен да дебатираме за Влада и во понеделник, ако навистина ги заокружиме сите работи. Така да навистина понеделник ќе биде почеток на една недела за едни убави моменти за сите граѓани, генерално Република Македонија, верувам дека наредната недела ќе ја добие новата реформска Влада – одговори Заев на новинарско прашање.

 

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...