fbpx

За 2025 година одложена имплементацијата на системот ЕТИАС за влез во ЕУ

Откaко ќе биде лансиран системот ЕТИАС, државјаните на 62 земји од светот за кои не е потребна виза за влез во ЕУ, вклучувајќи ја тука и Северна Македонија, ќе треба да пополнат онлајн апликација пред патувањето која ќе трае само неколку минути

-

Европската Унија (ЕУ) повторно го одложи почетокот на имплементацијата на Европскиот систем за информации и овластувања за патување (ЕТИАС), кој е наменет за граѓани кои не се земји-членки на Унијата, а сакаат да влезат во ЕУ. Имплементацијата на системот ЕТИАС е одложено за првата половина од 2025 година, соопштија денеска од ЕУ, пренесува Си-ен-ен.

Откога ќе биде лансиран системот ЕТИАС, државјаните на 62 земји од светот за кои не е потребна виза за влез во ЕУ, вклучувајќи ја тука и Северна Македонија, ќе треба да пополнат онлајн апликација пред патувањето која ќе трае само неколку минути. Тој систем ќе важи и за граѓаните на САД, Обединетото Кралство, Јапонија, Сингапур и Обединетите Арапски Емирати.

Притоа, тие ќе треба да платат седум евра за оваа услуга, а надоместокот ќе важи за сите лица. Системот ЕТИАС не значи воведување на визи, туку претставува систем за претрегистрација на граѓаните кои сакаат да патуваат во ЕУ.

Неколку минути откога ќе ја пополнат онлајн формулацијата, граѓаните ќе добијат одговор на нивната електронска пошта со прифаќање на барањето. Притоа, оваа постапка за пополнување апликација за влез во ЕУ се врши само еднаш за период од три години или до датумот на важење на пасот.

Целата постапка за малолетните лица ќе биде бесплатна, а нивните податоци ќе треба да ги пополнат и испратат нивните родители.

Во случај на одбивање на влез во ЕУ, на електронска пошта граѓаните ќе добијат објаснување, по што ќе биде можно да поднесат жалба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...