fbpx

Драган Бјелогрлиќ по вчерашната премиера говореше за својот нов филм „Чувари на формулата“

„Полемика очекувам да се развие откако повеќе публика ќе го погледне филмот. Тоа е и задачата на културата да ги заинтригира луѓето, да почнат да се интересираат за некои настани, да се информираат“, рече Бјелогрлиќ

-

„Чувари на формулата“ е името на новиот филм на режисерот и актер Драган Бјелогрлиќ, кој синоќа беше премиерно прикажан во киното „Синеплекс“. Тој денеска на прес-конференција зборуваше за снимањето на филмот.

„Филмот имаше промоција пред неколку дена во Париз и единствено што жалам е што не најдовме контакт со донорите и со нивните семејства. Се обидувавме, но поминато е долго време, тие не се повеќе живи. За жал, не се повеќе живи ниту нашите научници, последен жив беше Радојко Максиќ, кој почина пред две години од корона. Нема повеќе живи сведоци за жал“, рече Бјелогриќ.

Тој кажа дека истражувал за случајот Винча, но рече дека имале проблеми со снимањето во Винча. Таму, како што рече, прво имале проблем да добијат дозвола за снимање, а ниту жителите не сакале да зборуваат за тој настан. Наишле на т.н. ѕид на молкот. Постарите научници не биле расположени да споделат информации иако се поминати долги години од случката.

„Полемика очекувам да се развие откако повеќе публика ќе го погледне филмот. Тоа е и задачата на културата да ги заинтригира луѓето, да почнат да се интересираат за некои настани, да се информираат. Но, најважно е тоа што не треба да се занемари хуманиот дел од приказната. Би сакал тоа да остави најголем впечаток на луѓето“, истакна Бјелогрлиќ.

Двата настани кои се поврзани, а се дијаметрално спротивни биле фасцинација за авторот. Од една страна група луѓе прави нуклеарни експерименти со идеја да направи оружје кое го разорува светот, а тој настан произведува еден друг настан кој го унапредува светот. А плус сето тоа се случува поради емпатија на луѓе кои воопшто не се познавале.

Во филмот има сурови сцени кои се тешки за гледање.

„Сакав овие сцени да бидат колку што е можно пореални. Целиот процес на вадење на коскена срцевина во тоа време било ужасно болно. Тогаш немале услови, особено кога тоа се прави прв пат. Сакав тие сцени да бидат реалистични и да вознемират, но сите сцени ги следи нежна музика. Идејата беше музиката во свеста да не подготви за поентата на сето тоа“, раскажа Бјелогрлиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...