Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува умерен североисточен ветер.
Дневната ќе се движи во распонот од 23 до 34 Целзиусови степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време, претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневната ќе се искачи до 31 Целзиусов степен.
До среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.
Потоа во наредните денови ќе биде претежно сончево, а од петок со умерен до засилен северен ветер.